импресивни придобивки од лизинот

L-Lysine против стрес, херпес, брчки, лузни и остеопороза

Прочитајте го нашето истражување за 4-те импресивни придобивки од лизинот! Лизинот е есенцијална аминокиселина која има бројни придобивки за здравјето. Научните истражувања потврдиле дека L-Lysine помага против вирусите Herpes Simplex и Herpes Zoster. Го намалува стресот, ја помага синтезата на колаген и на тој начин ги намалува брчките и стриите, помага во заздравувањето на раните, а ја подобрува и апсорпцијата на калциумот со што помага во намалување на ризикот од остеопороза. 

Како есенцијална аминокиселина не се синтетизира во телото, па мора да се внеси преку храната или суплементи. Тој е составна единица на протеините и е важен за нормален раст и развој на мускулната маса. L-Lysine е исто така претходник на L-Carnitine, кој е потребен за метаболизмот на мастите и за производството на енергија.

импресивни придобивки од лизинот

Помага во заштита и превенија против Herpes Simplex 

Херпесот на усните или рабовите е предизвикан од локална вирусна инфекција. Се појавува при намален имунитет, најчесто при настинка, покачена телесна температура и стрес. Инфекцијата со херпес дава типични болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. На инфицираното место се појавува непријатна болка, трнење и печење. Покрај тоа, херпесот влијае и на самодовербата. Најчест предизвикувач е вирусот на херпес симплекс тип 1 (ХСВ-1). За време на стрес или опаднат имунолошки систем, се активира и предизвикува ранички на усните. Суплементите со L-Lysine може да помогнат во спречувањето на појавата на ХСВ-1 и да го намалат времетраењето на настинката. L-Lysine дејствува така што блокира друга аминокиселина (аргинин), која му е потребна на ХСВ-1 за да се размножи.

Една студија открила дека со земањето на 1000 мг L-Lysine на ден како додаток во исхраната, се намалил бројот на појава на херпес на усните кај 26 испитаници кои биле склони на настинка. Многу истражувања покажале дека L-Lysine ефикасно го намалува ризикот од појава на настинки, како и нивното времетраење.

L-Lysine може да го намали чувството на вознемиреност така што ги блокира рецепторите за реакција на стрес

Неодамнешните истражувања потврдија дека L-Lysine ги блокира рецепторите кои реагираат на стрес. Исто така, во друга студија која траела 7 дена и во која учествувале 50 здрави лица се дошло до заклучок дека со консумирање на 2,64 грама L-Lysine и аргинин се намалила анксиозноста предизвикана од стрес, а се намалило и нивото на хормонот на стрес – кортизол. Слично на тоа, од испитувања кои биле спроведени во сиромашни села во Сирија, се утврдило дека лизинот помага за намалување на стресот. Имено, со додавање на 4,2 грама лизин во 1 кг пченично брашно се намалила вознемиреноста кај мажите кои биле изложени на високи ниво на стрес. После три месеци од консумацијата на ова брашно, се намалило нивото на кортизол и кај жените.

L-Lysine може да им помогне на лицата со шизофренија, ментално нарушување што ја нарушува перцепцијата на поединецот за надворешниот свет. Но, иако лизинот има голем потенцијал да ги подобри симптомите во комбинација со препишаните лекови, истражувањата на таа тема се во рани фази.

Може да ја подобри апсорпцијата и задржувањето на калциумот

Се верува дека L-Lysine ја зголемува апсорпцијата на калциумот во цревата и им помага на бубрезите да го задржат овој минерал. Во една студија во која биле испитувани 15 здрави жени и 15 заболени од остеопороза, се покажало дека земањето на калциум во комбинација со L-Lysine ги намалило загубите на калциумот преку урината. Па така, жените кои примале околу 400 мг L-Lysine, изгубиле помалку калциум преку урината. Покрај тоа, L-Lysine може да ја спречи појавата на калцификација на крвните садови.

L-Lysine помага во создавањето на колагенот, го забрзува заздравувањето на раните, лузните и ја намалува видливоста на брчките

L-Lysine е потребен за формирање на колаген, протеин кој е важен за структура на кожата и коските. Помага за зголемување на бројот на нови клетки на раната, а со тоа има непроценлива улога во заздравувањето на исечениците и намалување на лузните. Покрај учеството во изградбата на протеини, неопходен е во формирањето на колаген. Поволно делува на сите места каде што се наоѓа колагенот, како сврзното ткиво и ѕидовите на крвните садови, бидејќи помага да се зачува нивната структура.

Кога старееме, количината на супстанции кои ја одржуваат кожата млада и мека се намалува. Тука спаѓа колагенот, еластинот и хијалуронската киселина. Годишно, нивото на колаген се смалува за 1%  што доведува до губиток на јачината на кожата и појава на брчки.

Кои лица имаат потреба од L-Lysine?

L-Lysine е форма на лизин кој може да го искористи телото и природно се наоѓа во некои видови на храна (месо, риба, сирење, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, соја, квасец) и во суплементите. Исхраната на веганите и вегетаријанците е сиромашна со лизин, па им се препорачува надополнување. Особите кои се на диета, лицата работат тешки физички работи како и на спортистите им се препорачува суплементација со лизин.

Имајќи предвид дека не станува збор за лек, туку за додаток во исхрана, набавката е прилично лесна. Токму заради тоа, она што треба да знаете и на кое треба да внимавате е изборот на производителот. Секогаш избирајте проверен и сертифициран производител во кој имате доверба.

Како додаток на исхрана, го препорачуваме L-Lysine на Now Foods, есенцијална амино киселина со фармацевстки степен на чистина, без алергени и гмо. Може да го купите или повеќе да прочитате на страницата на Тримекс, да се информирате во поголемите аптеки или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст

Сподели: