мелем против изгореници

Домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда

Се изгоревте? Сѐ што ви треба за да ја ублажите болката и заздравите раната се само две состојки – мед и лаванда! Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со болни изгореници, без разлика дали настанале како резултат на прекумерна изложеност на сонце, невнимателно работење во кујна или од врела вода при капење. За третирање на мали и полесни изгореници може да ви помогне едноставен домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда. Доколку немате масло од лаванда, доволно е само да нанесете мед, но секогаш бирајте мед со проверен квалитет од докажан производител.

импресивни придобивки од лизинот

L-Lysine против стрес, херпес, брчки, лузни и остеопороза

Прочитајте го нашето истражување за 4-те импресивни придобивки од лизинот! Лизинот е есенцијална аминокиселина која има бројни придобивки за здравјето. Научните истражувања потврдиле дека L-Lysine помага против вирусите Herpes Simplex и Herpes Zoster. Го намалува стресот, ја помага синтезата на колаген и на тој начин ги намалува брчките и стриите, помага во заздравувањето на раните, а ја подобрува и апсорпцијата на калциумот со што помага во намалување на ризикот од остеопороза. 

камилица

Камилицата е најдобриот природен лек против воспаленија и болки

Камилицата е позната како најдобриот природен лек против воспаленија, болки, несоница, нервоза, бавно варење на храната и кожни болести. Најчесто се користи за топли облоги против болки. Исто така е корисна за отстранување на камен од бубрези, жолтица, менструални болки, глисти…

тегавец

Тегавец – идеален природен лек за прва помош

Многу често растенијата кои ги гледаме секој ден, а растат покрај патиштата, тревниците и околу куќата ги одбегнуваме со извесен презир. Коприва, црн слез, тегавец… Луѓето мислат дека лековитите билки растат само на тешко достапни планински предели или кањони до кои не се доаѓа лесно. Но, реалноста е потполно обратна.

7 здравствени придобивки од внесот на цинк 1

7 здравствени придобивки од внесот на цинк

Цинкот е уште еден минерал со чудесни здравствени ефекти. Тој помага за правилен раст и развој на организмот, овозможува нормална синтеза на ДНК, го зајакнува имуниот систем, а исто така го убрзува и зараснувањето на раните. Ако сакате подетално да дознаете за здравствените придобивки од внесот на соодветни количини на цинк, тогаш прочитајте што имаме да ви кажеме!

масло од кантарион

Како да направите масло од кантарион?

Богородичната трева или кантарион, одамна е позната по своите лековити својства, а голема примена има во традиционалната медицина и фармацевтската индустрија. Производите од кантарион – чај, масло, тинктура одамна се користат против изгореници, хемороиди, исеченици, депресија, смирување, болки во желудникот, цревни паразити, дијареја, настинка, кашлица и астма. Кантарионот има антибактериско дејство и е природен антисептик.

кантарион

Кантарион – лек за повреди, депресија и добро варење

Лековитиот кантарион е растение кое има изразено поволно дејство врз организмот на повеќе начини. Има магична моќ да лечи многу органи и системи во телото, а нуди голем број можности за употреба. Тоа може да биде чај, масло, капки, капсули, таблети, вагиналети и слично.

Како да направите маст од невен?

Невенот одамна е познат како скапоцено лековито растение кое со своите златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите. Благодарение на лековитите својства, цветовите од невен се користеле за лечење на различни заболувања уште од 12 век.

масло од невен

Како да направите лековито масло од невен?

Невенот одамна е познат како скапоцено лековито растение. Сувите ливчиња невен се користат во тинктури, масти, кремови за лечење на рани, модринки, изгореници од прв степен и изгореници предизвикани од сонцето, алергиски реакции на кожата, за лечење на проширени вени и разни заболувања на вените, против акни и чиреви на кожата, убоди од инсекти, исипувања предизвикани од пелени кај децата, отоци и повреди. А бидејќи лесно се наоѓа кај нас, ви предлагаме да ги искористите неговитите придобивки и да направите лековито масло од невен. 

невен

Невен – природен и ефикасен лек за кожата

Невенот, Calendula officinalis L. (Asteraceae), одамна е познат како скапоцено лековито средство. Цветовите од невен се користеле за медицински цели уште од 12 век. Тој цвета од мај до доцна есен во медитеранските предели, а со своите големи златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите.