тегавец

Тегавец – идеален природен лек за прва помош

Многу често растенијата кои ги гледаме секој ден, а растат покрај патиштата, тревниците и околу куќата ги одбегнуваме со извесен презир. Коприва, црн слез, тегавец… Луѓето мислат дека лековитите билки растат само на тешко достапни планински предели или кањони до кои не се доаѓа лесно. Но, реалноста е потполно обратна.

Многу растенија кои растат речиси на секој чекор, како копривата и глуварчето се заборавени благодати од природата. Баш таков е и тегавецот. На прв поглед личи на мало, неугледно растенија, но е доста лековита и безбедна билка.

Во лекувањето се користат машкиот тегавец кои има долги и тенки листови, како и женскиот тегавец кои има широки листови. Некои тревари мислат дека машкиот тегавец е поделотворен во лекувањето на болести на дишните органи, а женскиот тегавец го препорачуваат за лекување на кожни заболувања.

тегавец

Помага за олеснување на искашлувањето

Листовите на тегавецот содржат сапонини и слуз, па чајот и сирупите се одлични за чистење на респираторните органи од секрет, ублажување на сувата кашлица, намалување на иритацијата на грлото и дишните патишта. Помешан со црн слез и ленено семе, тегавецот помага за смирување на нападите од сува кашлица. Доколку се комбинира со бршлен, сладок корен и анасон го олеснува искашлувањето на густиот секрет.

Ве каснал инсект или сте се пресекле? Тегавецот е идеален природен лек за прва помош

Тегавецот содржи алатоин, кој помага во создавање на нови клетки, па затоа потполно е оправдано народното мислење за лекување на кожни болести, рани, исеченици, изгореници и убоди од инсекти. Маста која содржи екстракт од тегавец е добро билно средство која ги ублажува алергиските реакции на кожата. Тегавецот е добар лек против акни и црвенила на кожата. Кога се исечете, ве каснал инсект или добиете изгореници во природа, доволно е да најдете лист од тегавец да го измиете, па изгмечите меѓу прстите и да го поставите на повреденото место.

Ви препорачуваме да прочитате: Здравствени придобивки од лековитиот црн слез.

Сподели: