мелем против изгореници

Домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда

Се изгоревте? Сѐ што ви треба за да ја ублажите болката и заздравите раната се само две состојки – мед и лаванда! Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со болни изгореници, без разлика дали настанале како резултат на прекумерна изложеност на сонце, невнимателно работење во кујна или од врела вода при капење. За третирање на мали и полесни изгореници може да ви помогне едноставен домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда. Доколку немате масло од лаванда, доволно е само да нанесете мед, но секогаш бирајте мед со проверен квалитет од докажан производител.

Можеме да ги препорачаме Рес-Ком, кои долги години се лидери за производство на домашен и природен мед. Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Мед од багрем, липов, планински, шумски, дабов… Кој и да го изберете, нема да згрешите. Ако сакате дополнителни информации за производите на Рес-Ком, посетете ја нивната фан страница, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

мелем против изгореници

Мед против изгореници и рани

За лековитите својства на медот знаеле уште древните Египќани, Римјани, Грци и Кинези, кои го користеле во традиционалната медицина за третман на изгореници. Но и модерната медицина преку бројни истражувања ја докажала лековитоста на медот, примарно преку антибактерсиките својства кои ги поседува против грам – позитивните и грам –  негативните бактерии и разни габични инфекции. Во одредени студии се покажало дека медот е многу поефикасен од антибактериските креми и сребро сулфадизин кои се користат за третман на изгореници. Кај 52 испитаници кои се третирале со мед против изгореници, дури кај 91% раната била стерилна после една седмица. Од друга страна, кај 52 испитаници кои се третирале со сребро сулфадизин, само кај 7% раната била без присутни знаци на воспалителен процес после една недела. Тоа се должи на својството на медот да ги дезинфицира раните, но и да ги намалува воспалителните процеси, додека истовремено и го забрзува процесот на заздравување.

Како дејствува медот врз изгорениците?

  • Ги извлекува течностите од ткивото и околу изгореницата формира заштитна бариера.
  • Создава оптимално опкружување за раст на нови, здрави клетки.
  • Ја храни кожата со витамини и аминокиселини кои го забрзуваат заздравувањето.
  • Го поттикнува протокот на лимфа, што исто така го помага заздравувањто на раните.
  • Го помага растот на ткивата и заздравувањето на површинските слоеви на кожата.
  • Ги намалува лузните.

Маслото од лаванда ја ублажува болката

Етеричното масло од лаванда содржи линалил – ацетат и линалол кои го намалуваат чувството на болка при изгореници на кожата. Овие состојки имаат слично дејство како и аналгетиците и анестетиците. Ова масло поседува и антибактериско и антимикробно дејство, па на одличен начин го потпомага дејството на медот при третман на изгореници.

Домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда

Најчесто сите инстиктивно изгореницата ја ставаме под млаз ладна вода, што моментално ја олеснува болката, но потоа чувството на жарење повторно се враќа. Постои природно решение кое ја ублажува болката, а истовремено и ја регенерира изгорената кожа.

мелем против изгореници

Состојки:

Начин на изработка и употреба:

  1. Во чист стаклен сад со капак измешајте ги медот и етеричното масло од лаванда.
  2. Вака подготвениот мелем против изгореници нанесувајте го во тенок слој врз раната, изгореницата или исеченица.
  3. Може да користете и само мед така што ќе го нанесите врз стерилна газа која ќе ја ставите врз изгореницата. Менувајте ја газата неколку пати на ден.

Напомена: Доколку изгореницата зафаќа поголем дел од кожата и доколку имате изгореници од втор, трет или четврт степен, задолжително обратете се на доктор.

Ви препорачуваме да прочитате: Мед и таан – совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: