7 здравствени придобивки од внесот на цинк 1

7 здравствени придобивки од внесот на цинк

Цинкот е уште еден минерал со чудесни здравствени ефекти. Тој помага за правилен раст и развој на организмот, овозможува нормална синтеза на ДНК, го зајакнува имуниот систем, а исто така го убрзува и зараснувањето на раните. Ако сакате подетално да дознаете за здравствените придобивки од внесот на соодветни количини на цинк, тогаш прочитајте што имаме да ви кажеме!

Цинкот е минерал одговорен за бројни, различни функции во нашето тело и исто така е неопходен за активација на над 300 ензими. Во продолжение прочитајте и за други здравствени придобивки од внесот на цинк, кои ќе ве мотивираат да се потрудите да го снабдите вашето тело со доволни количини на овој минерал.

Цинкот ја регулира функцијата на имуниот систем

Научниците утврдиле дека цинкот е неопходен за активација на Т-лимфоцитите (еден дел од белите крвни клетки) т.е. за правилна работа на одбранбениот систем.

Помага во лекување на дијареа

Според Светската Здравствена Организација во светот годишно умираат околу 1,6 милиони деца(помали од 5 години) поради дијареа. Лековите со цинк се покажале како доста ефективни за третман на оваа состојба, и за спречување на понатамошни компликации.

Цинкот влијае на способноста за учење и памтење

Научниците во Торонто дошле до заклучок дека цинкот има многу важна улога во процесот на меѓусебна комуникација на нервните клетки (што влијае на учењето и на меморијата).

7 здравствени придобивки од внесот на цинк 2

Цинкот помага во третман на обичната настинка

Цинкот може да ги ублажи симптомите на настинка, и да го намали нејзиното траење.

Заздравување на рани

Цинкот има клучна улога во одржување на здрава структура на кожата. Испитувањата покажале дека цинкот може да помогне кај лица со рани-и да го убрза нивното заздравување, да го успори растот на бактериите, и да го намали воспалението.

Правилен раст и развој

Кај децата со недостаток на цинк обично се јавува забавен раст и развој, што значи дека цинкот е неопходен за децата правилно да се развијат.

Делува регенеративно и заштитно

Го намалува ризикот од појава на болести поврзани со процесот на стареење како што се воспалителните болести. Спречува и дегенерација на макулата поради неговата способност да ја заштити ретината од оштетување, односно го штити здравјето на очите.

Автор: Маја Велковска.

Наскоро очекувајте повеќе информации во која храна може да се најде, а ви препорачуваме да прочитате и за важноста на железото за здравјето.

Сподели: