камилица

Камилицата е најдобриот природен лек против воспаленија и болки

Камилицата е позната како најдобриот природен лек против воспаленија, болки, несоница, нервоза, бавно варење на храната и кожни болести. Најчесто се користи за топли облоги против болки. Исто така е корисна за отстранување на камен од бубрези, жолтица, менструални болки, глисти…

Камилицата е едногодишно растение, со висина од 20 до 50 см. Карактеристични се нејзините ситни бели цветови. Расти на нивите и ливадите, а може и да се одгледува. Првите цветови може да се забележат уште во мај, а цвета до август. За чај се берат само цветовите, а за купка се бери целото растение. Смее да се бери само кога времето е сончево и суво. Се суши на ладно и проветрено место, а се чува на суво место за да не се навлажни. При берењето, сушењето и чувањето не се допира многу за да не го изгуби мирисот и лековитата вредност.

камилица против воспаленија

За да направите чај доволно е една мала лажичка сушени цветови од камилица да ги прелијте со 200 мл врела вода. Чајот оставете го за време од 10 минути, а потоа процедете го и засладете го по желба. Камилицата може да се користи против сите болести и тегови, за надворешна и внатрешна употреба. Од неа се прават чај, купка, облози, а се користи за парење и испирање.

Помага за намалување на воспалението на очните капаци

Камилицата често влегува во состав на различни лосиони или облоги и се користи против воспаление на очните капаци. Познато е дека жените во нордиските земји, својата убавина на косата ја одржуваат со помош на камилицата. За да го подобрите изгледот на кожата направете го овој брз третман со камилица за убаво лице.

Камилица како природен лек против воспаленија и болки

Како што споменавме камилицата наоѓа голема примена како природен лек. Особено е корисна за жените, бидејќи е ефикасна против грчеви.

Помага за прочистување на белите дробови и желудникот

Слузта полесно ќе се растопи и излачи од желудникот и белите дробови, ако камилицата ја издробиме и помешаме со мед. Од оваа мешавина се зема по една мала лажичка наутро и навечер.

Чајот од камилица го смирува желудникот, доколку е воспалена слузокожата или при чир.

Корисна е за лекување на рани и изгореници

За намалување на воспалението при изгореници, гихт и реума е корисно маслото од камилица. Болното место истријте го 3 до 5 пати на ден со ова масло. Во скоро време очекувајте детален рецепт за домашно масло од камилица.

Камилицата делува и како добар антисептик. Може да се користи како облоги или купки при гнојни рани и рани кои тешко се лечат. На раните може да се стави и издробена свежа билка.

Ја намалува болката во грлото и непцата

После вадење на заб или при воспаление на грлото, се прават гаргари со чај од камилица. Болката за брзо време ќе се намали, а раната се прочистува и лекува.

Купка од камилица против главоболка и болка во ушите

Парните купки со камилица помагаат при болки во ушите, главоболка, воспаление на синусите и бронхитис. Парните купки се прават за време од 20 до 30 минути.

Најизразено е дејството на камилицата против воспаленијата, без разлика дали се внатрешни или надворешни.

Ви предлагаме да прочитате: Камилица – лек против многу болести.

Сподели: