помош при болки во коленото

Како да ги надминеш болките во зглобовите во зима? – 7 совети од Д-р Нела Деспотовска 

Дали имаш забележано дека во зима, болките во зглобовите се почести? Зошто тоа е така? Што може да помогне? – Продолжи со читање и дознај ги советите од Д-р Нела Деспотовска. Надмини ги болките во зглобовите во зима и уживај во празниците со најблиските.  

Повредите или стареењето се поврзани со непријатности во зглобите. Проблемите почесто се јавуваат кај повозрасните лица или спортистите. Но, во ладните месеци, болките во зглобовите се јавуваат кај многу луѓе кои немаат проблеми во другите годишни времиња. 

Што може да помогне при болки во зглобовите во зима

Која е главна причина за појава на болки во зглобовите во ладните месеци?

Главната причина која доведува до болки се ниските температури. Тие предизвикуваат спазми на мускулите, кои ја влошуваат состојбата на зглобовите и предизвикуваат вкочанетост. Нашите рецептори за болка стануваат поосетливи во зима, а тоа дополнително ја влошува состојбата. Друга причина е ограниченото изложување на сонце, па често се јавува и недостаток на витамин Д. Недостатокот на витамин Д е поврзан со болки во коските и зглобовите. А во периодот од месец октомври до месец март се препорачува сите да земаат додатоци со витамин Д-3. Наша препорака е:

Кликни на линкот и прочитај: Зошто е важен и 3 начини да „стигнеме“ до витаминот Д во зима.

Што може да помогне за да се намалат болките во зглобовите во зима?

Балансирана исхрана, движење, масажи… се само дел од најважните препораки.

Бидете физички активни

Иако надвор е ладно, физичката активност треба да биде ваш приоритет. Во зима, сите повеќе сакаме да останеме дома во топла и удобна атмосфера. Но, движењето ќе ви помогне зглобовите да останат здрави. 

Одржувајте ја собната температура

Прилагодете ја температурата во домот за да ви биде пријатно и топло. 

Консумирајте храна богата со омега-3 или земете додатоци во исхраната

Омега-3 масните киселини помагаат за намалување на воспалението на зглобовите. Исто така, помагаат против вкочанетост на зглобовите, па затоа се препорачува да консумирате храна богата со омега-3 или да ги земате овие масни киселини преку додатоци во исхраната. Се препорачува почесто да консумирате:

  • Лосос
  • Ореви
  • Ленено семе
  • Авокадо. 

Како најдобар суплемент кој е извор на Омега-3 го препорачуваме концентратот од природно рибино масло на NOW. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, диоксини и др). Не содржи холестерол. 

Омега 3

Повеќе информации за концентратот од рибино масло може да најдете на веб продавницата на vitamini.mk од каде може да го нарачате со бесплатна достава. Омега-3 од NOW може да се најдат и во поголемите аптеки низ земјава.

Имајте балансирана исхрана

Балансираната исхрана вклучува немасни протеини, зголемен внес на растителни влакна и мала количина на заситени масти. Ваквиот начин на исхрана ќе ви помогне организмот подобро да функционира во зима. Консумирајте намирници кои се лесно сварливи, а на прво место нека биде зеленчукот. Краставиците и морковите кои помагаат за детоксикација на организмот, па често сервирајте ги во чиниите.  

Во исхраната вклучете концентрат од цреша

Cherry Concentrate е овошен додаток во исхраната. Тој е одличен извор на антоцијанини кои се важни во борбата против хроничното воспаление во телото. Содржи и полифеноли, флавоноиди, витамини Ц, калиум, бета-каротен, пектин и бор – многу важна хранлива материја која во комбинација со калциум и магнезиум поволно влијае врз здравјето на коските.

Концентрат од цреша против болки во зглобови

За кого се препорачува Cherry Concentrate?

  • За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.
  • За сите со високо ниво на урична киселина.
  • За оние кои консумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шеќерни пијалаци).

Низ светот има голем број на позитивни сведоштва за придобивките од овој додаток во исхраната. Кај нас може да се набави од поголемите аптеки или преку веб страницата vitamini.mk со 40% попуст. 

Практикувајте масажи

Некои студии покажале дека масажите со времетраење од еден час, еднаш неделно, помагаат за намалување на болките. 

Пијте по 8 чаши вода и во текот на зимата

Оваа препорака важи за целата година, но во зимските месеци е најважна. Кога е сончево и топло луѓето повеќе пијат вода, но во зима тоа не е така. Затоа, не заборавајте да пиете 8 чаши вода секој ден. Ако вежбате пијте поголема количина на вода. Пиењето на вода ги намалува болките кои се јавуваат во зглобовите.

Може да ве интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Намалете ги болките во зглобовите при артитис и гихт со помош на концентрат од цреша.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: