Д-р Нела Деспотовска советува: Намалете ги болките во зглобовите при артитис и гихт со помош на концентрат од цреша

Природата нуди многу придобивки за здравјето! А концентратот од цреша кој е релативно нов производ кај нас, се препорачува за намалување на честите болки во зглобовите при артритис и гихт. На што се должи ова дејство на црешата? – Поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска како може да се намалат болките и вкочанетоста на зглобовите при артритис и гихт. 

Продолжи со читање и подобри си го здравјето на природен начин. 

болки во зглобови

Што е артритис, а што е гитх?

Артритис е име на група медицински состојби кои влијаат врз зглобовите. Тие состојби предизвикуваат оштетување на зглобовите, што обично создава болки и вкочанетост. Постојат повеќе од 100 видови артритис, а најчести се остеоартритис, ревматоиден артитис и гихт. 

  • Остеоартритис е медицинска состојба која го зафаќа целиот зглоб, вклучително коската, рскавицата, лигаментите и мускулите. 
  • Ревматоиден артритис е автоимуна болест која предизвикува болки и отекување на зглобовите. Обично се јавува во малите зглобови, како што се зглобовите на рацете и стапалата. Меѓутоа, поголемите зглобови како што се колковите и колената исто така може да бидат зафатени. 
  • Гихт е честа и болна медицинска состојба што ги зафаќа зглобовите. Во и околу зглобот се формираат мали кристали кои предизвикуваат воспаление, болки и оток. Тие кристали се создаваат од еден од нормалните отпадни производи на телото – мочна (урична) киселина. 

Како да си помогнете?

Ако имате артритис, применете ги следните совети: 

  • дознајте кој вид артритис го имате и кои се вашите опции за лекување. 
  • останете активни: одржувајте ги зглобовите подвижни, а мускулите силни. 
  • научете како да се справите со болките. Земајте ја пропишаната терапија од вашиот доктор и вклучете концентрат од цреша кој ќе ви помогне за намалување на болките. Концентратот од цреша помага во одржување на нормално ниво на урична киселина. На тој начин влијае за намалување на болките во зглобовите, особено на стапалата.
  • справете се со уморот: научете како да одржувате рамнотежа меѓу одморањето и вашите вообичаени активности. 
  • одржувајте здрава тежина.
  • водете сметка за вашите зглобови и заштитувајте ги: информирајте се за помагала и справи кои може да ви ги олеснат активностите. 

Зошто се препорачува концентрат од цреша при болки во зглобовите при артритис?

Црешата содржи витамини А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцианини и мелатонин – состојки кои помагаат против хроничното воспаление во телото, во превенција на срцеви заболувања, ублажување на симптоми предизвикани од артритис, главоболка и фибромиалгија.

Cherry Concentrate обезбедува широк спектар на фитонутриенти и антиоксиданти кои промовираат добро здравје и го забавуваат процесот на стареење. Тој е одличен извор на антоцијанини кои се важни во борбата на процесот на хронично воспаление во телото, што го изложува телото на сериозни здравствени ризици.

  • Помага во одржување на нормално ниво на урична киселина.
  • Помага во намалувањето на болката во зглобовите, особено на стапалата.
концентат од цреша

За кои лица е наменет овој додаток во исхраната?

  • За сите со високо ниво на урична киселина
  • За оние кои консумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шеќерни пијалаци)
  • За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.

Cherry Concentrate може да се набави во поголемите аптеки или да се нарача онлајн преку веб продавницата на vitamini.mk. При нарачување онлајн, доставата е бесплатна. 

За повеќе информации консултирајте ја Д-р Нела Деспотовска на телефон 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Дознај повеќе на оваа тема – Концентрат од цреша за зајакнување на имунитетот и поддршка при гихт.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: