Концентрат од цреша за зајакнување на имунитетот и поддршка при гихт

Концентрат од цреша за зајакнување на имунитетот и поддршка при гихт

Искористете ја моќта на црешите, зајакнете го имунитетот, намалете го отокот, а и болката и црвенилото на зглобовите предизвикани од гихт! Во вкусот на црешите можеме да уживаме само на пролет, но нивните придобивки може да ги искористите преку целата година. Се прашувате како е тоа можно? – Од неодамна кај нас е достапен екстрактот од корејската цреша. Направивме мало истражување и подетално ве запознаваме со овој додаток во исхраната. 

Концентрат од цреша за зајакнување на имунитетот и поддршка при гихт

Што е Cherry Concetrate?

Cherry Concetrate e концентрат од корејска цреша кој е богат со фитонутриенти и антиоксиданти кои промовираат добро здравје и го забавуваат процесот на стареење. Тој е одличен извор на антоцијанини кои се важни во борбата на процесот на хронично воспаление во телото, што го изложува телото на сериозни здравствени ризици. Покрај ова, содржи полифеноли, флавоноиди, витамини Ц, калиум, бета-каротен, пектин и бор, кој е многу важна хранлива материја која во комбинација со калциум и магнезиум поволно влијае врз здравјето на коските.

Богат е со антиоксиданси и го зајакнува имунитетот

Благодарение на антиоксидансите кои ги содржи, овој супер овошен додаток во исхраната ја нуди моќта на неутрализирање на слободните радикали на овошјето од цреша во концентрат од 10:1. Зошто тоа е важно? Оксидативниот стрес настанува кога во телото има недостаток на антиоксиданси. Тој доведува до оштетување на клетките и ткивата, а со тоа се зголемува ризикот од појава на хронични болести. Затоа, нутриционистите и докторите препорачуваат балансирана исхрана, редовна физичка активност и повремено користење на додатоци во исхраната кои се богати со антиоксиданси.

Кои други придобивки ги нуди Cherry Concentrate?

Освен што го зајакнува имунитетот, Cherry Concentrate:

  • Помага во одржување на нормално ниво на урична киселина
  • Помага во намалувањето на болката во зглобовите, особено на стапалата.
  • Помага во спречување на воспалителните процеси.

За кого се препорачува?

Наменет е:

  • За сите со високо ниво на урична киселина.
  • За оние кои консумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шекерни пијалоци).
  • За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.

Предупредување: Само за возрасни. Не е за бремени жени или доилки. Консултирајте доктор доколку земате лекови (особено антикоагуланти, антидепресиви и оние кои влијаат на времето на крварење); имате алерија на цреши, сливи, праски, кајсии; имате некаква медицинска состојба (вклучувајќи заболување на црниот дроб и пореметување во коагулацијата) или планирате да имате операција.

концентрат од цреша

Повеќе информации за Cherry Concentrate може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може да го нарачате со бесплатна достава, а достапен е и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Ако гихт воспалението е навреме откриено, може да се третира.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: