Д-р Нела Деспотовска советува: Ако гихт воспалението е навреме откриено, може да се третира

Гихт е облик на воспалителен артритис кој се развива кај лица кои имаат вишок на мокрачна киселина во крвта. Оваа киселина формира игличести кристали во зглобовите, што предизвикува изненадни и тешки епизоди на болка, неиздржлива преосетливост, црвенило, топлина и отоци. Може да биде асимптоматски, акутен, во рок од неколку години или хроничен, но, со правилен третман, олеснувањето на симптомите и лечењето е можно.

За гихт може да сретнете и податок дека е име за група болести кои се карактеризираат со зголемена концентрација на  мокрачна (урична) киселина во крвта, напади на ненадејно воспаление на зглоб (обично еден), наслаги на кристали на урична киселина во близина на зглобовите, наслаги на кристали на урична киселина во бубрегот и бубрежни камења. Уште ја нарекуваат „болест на гурмани“ или метаболно заболување кое предизвикува воспаление и оток на зглобовите. Овој облик на воспаление е предизвикан од таложење на кристалите на уричната (мочната) киселина во зглобовите. Се јавува заради нарушување на односот на продукција и елиминација на уричната киселина. Како и да е, оваа болест во денешното време на модерна медицина може рано да се дијагностицира и успешно да се лекува.

Што е гихт, како да го препознате и третирате?

Како настанува гихт?

Гихт може да се развие поради зголемен внес на урична киселина во телото, намалена екскреција или комбинација од овие фактори. Сепак, најчеста причина е зголемениот внес на храна која е богата со пурини. Пурините се супстанци кои во организмот се разградуваат до урична киселина, а со тоа преку храната се внесува повеќе отколку што телото може да исфрли. А, причинaта за намалена екскреција на мокрачната киселина е бубрежното оштетување. Намирници кои се богати со пурини се црвеното месо, рибата, морските плодови, лебот и засладените десерти и пијалоци.

Можни ризик фактори за задршка на мокрачната киселина се:

  • наследните фактори
  • нарушувања на распаѓањето на мокрачната киселина
  • медицински третман со цитостатици, зголемено разградување на хематопоетските клетки (хемолиза, леукемија) и распаѓање на мускулите.

Прекумерното консумирање на алкохол доведува до зголемено производство на урична киселина и нејзино намалено излачување. Затоа, пациентите кои боледуваат од гихт мора да се воздржуваат и од алкохол. Со корекција на исхраната и соодветна диета, може да си го олеснат секојдневието.

Кој е најзасегнат од оваа болест?

Епидемиолошки и лабораториски карактеристики

Болеста најчесто се јавува кај лица на возраст помеѓу 40-50 години. Ги засега главно мажите. Во 90-95% од случаите пациентите се мажи, а останатите се жени во менопауза. Гихтот е директно поврзан со чести хронични заболувања:

  • хронична бубрежна болест
  • висок крвен притисок
  • дијабетес
  • хиперлипидемија
  • коронарна срцева болест
  • срцева слабост
  • цереброваскуларни нарушувања.

Главната карактеристика на гихтот е зголемена концентрација на нивото на урична киселина (урати) во крвта:

  • над 420 µmol/L кај мажите
  • над 360 µmol/L кај жените.

Клиничка слика

Карактеристична манифестација на гихт е што започнува со воспаление обично на еден зглоб. Ненадејно се јавува интензивна и силна болка, придружена со оток и црвенило на зглобот. Обично го зафаќа зглобот на палецот на ногата, но може да се манифестира и на скочниот зглоб, колената, зглобовите на рацете, прстите на рацете и лактите.

Воспалението настанува поради таложење на кристали на мокрачната киселина и може да доведе до деформација на зглобот и коските. Нападот може да биде предизвикан од стрес, повреда, алкохол или прекумерно внесување на храна.

Воспалението на зглобот може да се случи еднаш во животот, но најчесто истото се повторува.

Дијагноза и третман

Дијагноза се поставува врз основа на добро земена анамнеза, физикален преглед, како и лабораториско испитување за докажување на зголемено ниво на урична киселина во серумот. Дефинитивна дијагноза се поставува со докажување на кристалите во зафатениот зглоб. За терапијата на гихтот, важно е да се спомене дека се вклучува третман на акутниот напад на гихт и терапија за спречување на рецидиви. Од додатоци во исхраната кои се достапни кај нас и кои може да ви помогнат при терапија на гихт, можеме да ви го препорачаме Cherry Concentrate од NOW.

Cherry Concentrate е супер овошен додаток во исхраната ја нуди моќта на неутрализирање на слободните радикали на овошјето од цреша во концентрат од 10:1. Тој е одличен извор на антоцијанини кои се важни во борбата против хронично воспаление во телото кое го изложува телото на сериозни здравствени ризици. Покрај сето ова, содржи полифеноли, флавоноиди, витамини Ц, калиум, бета-каротен, пектин и бор – многу важна хранлива материја која во комбинација со калциум и магнезиум поволно влијае врз здравјето на коските.

За кого е наменет Cherry Concentrate?

  • За сите со високо ниво на урична киселина.
  • За оние кои консумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шеќерни пијалаци).
  • За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.
гихт

Повеќе информации за Cherry Concentrate може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може да го нарачате со бесплатна достава, а достапен е и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: MSM – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: