мсм

MSM – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките

Подобрете ја подвижноста и здравјето на зглобовите! Малите промени водат кон големи резултати. Болките, намалената флексибилност и грчевите нека бидат минато. Дознајте повеќе за MSM  (Methylsulfonylmethane) – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките.

Зглобовите во човековото тело секојдневно се изложени на голем стрес. Согласно статистичките податоци, болестите на коскено-зглобниот систем се во најчестите причинители за посета на доктор во нашата земја и ширум светот. Причините за оваа појава се должат на современиот нездрав начин на живот.

болки во зглобовите

Кои се причините за оштетување на зглобовите?

Најчестите причинители за оштетување на зглобовите се:

  • напорни спортски тренинзи
  • прекумерна телесна тежина
  • седечкиот начин на живот
  • неправилна положба при одење, стоење или седење
  • различните рекреативни спортови кои ги оптеретуваат зглобовите.

За жал, речиси никој од нас не посветува внимание за да ги зачува зглобовите здрави што подолго време и не презема мерки додека се здрави и обезбедуваат безболни движења. Притоа, ако не ги храниме и чуваме соодветно, со текот на времето или во подоцнежните години како резултат на трошењето на зглобовите, ќе се јават симптоми. Тоа се болки при движење, отоци и затегнатост на мускулите.

Со годините прифаќаме дека коските и зглобовите постепено стануваат послаби и почувствителни, но едно неодамнешно истражување кое го реализирале британските стручњаци покажало дека зглобовите стареат побрзо од останатите делови на телото. Со истражувањето биле опфатени 13000 луѓе, а било утврдено дека зглобовите се постари за 12 години од реалната возраст.

Што е MSM и за што помага?

MSM (Methylsulfonylmethane) е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Најчесто се среќава во свежата храна, но при готвењето на храната, количината на MSM значително се намалува.

Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата. Значаен е за:

  • Здравјето на зглобовите
  • Обезбедува сулфур за зглобовите за сврзното ткиво
  • Го поддржува здравјето на ‘рскавицата.

Поттикнува флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови. Го разбива насобирањето на калциум фосфат, кој е главен предизвикувач на многу дегенеративни и кардиоваскуларни болести. Нефлексибилноста на зглобовите е тесно поврзана со акумулација на „лоши“ форми на калциум (калциум фосфат, калциум карбонат) во зглобовите. МСМ декалцифицира т.е го разбива насобирањето на „лошиот“ калциум во зглобовите, ткивата и крвните садови претваројќи го „лошиот“ калциум во калциум цитрат кој е растворлив и лесно се излачува надвор од организмот.

мсм

Покрај тоа MSM има и други бројни придобивки, но најзначајна е способноста за обновување на сврзното ткиво и можноста за намалување на болките предизвикани од воспаленија. Позитивно влијае и:

  • го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите
  • ги ублажува симптомите на алергија
  • го подобрува имунитетот
  • го подобрува квалитетот на кожата, ги намалува акните, ја подобрува косата поради зголемена концентрација на кератин
  • ја зголемува концентрацијата на глутатион кој делува антиоксидативно и го намалува стресот
  • помага при Алцхајмерова болест
  • при артритис
  • ја подобрува циркулацијата
  • помага при главоболка и мигрена.

Во денешно време МСМ добива се поголема популарност како природна состојка која помага за намалување на болките, а не предизвикува непосакувани дејства.

Кои лица имаат потреба од суплементи за зачувување на зглобовите?

Ако имате болки во зглобовите, колената, половина, грбот и рацете, ви препорачуваме да користите MSM. Исто така, лицата кои вежбаат или секојдневно се изложени на различни физички напори препорачливо е да земаат суплементи кои ги чуваат и ги регенерираат зглобовите.

На пазарот може да се најдат различни препарати за регенерација на коскено-зглобниот систем, па затоа е потребно да се внимава при изборот на производот, како и на брендот. Наш избор се додатоците на Тримекс, кои може да се најдат низ аптеките или да се набават преку нивната онлајн продавница. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: болки во коленото – причини и третман.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: