подобро расположение во есен

Како да подобро расположение во есен? – совети од Д-р Нела Деспотовска

Ладните есенски и зимски денови се пред нас, деновите стануваат пократки, расположението се намалува… Како до подобро расположение во есен? – Ако се соочуваш со намалено расположение или сезонска депресија, продолжи со читање. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Десптовска и ги споделуваме нејзините совети.

За некои, почетокот на есента е идеално време и означува уживање во капките на дождот, читање убава книга и пиење чај. Но, кај некои луѓе се јавува есенска депресија која може да влијае на квалитетот на животот, но и на здравјето. Враќањето во секојдневието по одморите, почетокот на новата учебна година, сообраќајниот метеж, финансиските обврски, но и дождливото време, се дел од причините кои влијаат за намалено расположение во есен. 

совети за подобро расположение во есен

Што го контролира нашето расположение?

Дали некогаш си се запрашал што влијае на расположението? Ајде да започнеме со подетално објаснување. За доброто расположение најважни се трите невротрансмитери:  норепинефрин, допамин и серотонин. Нивниот баланс ни помага да се чувстуваме енергично, среќно и смирено. Ако нивото на некој од нив е намалено, може да имаме промени во расположението или да се јави анксиозност. Сега е време да ги поставиме прашањата: 

  • Што можам да направам за да го зголемам допаминот и норепинефринот?
  • Што помага да се подигне серотонинот?

Практикувај ги следните совети и подобри си го расположението во есен:

Почести прошетки на сонце 

Ако си забележал дека во летниот период расположението ти е подобро, тоа е благодарение на сончевата светлина која помага во синтезата на витаминот Д. А тоа е поврзано и со доброто расположение. Што да направиш? – Доколку имаш можност, наутро излези на прошетка, пешачи до работа, или едноставно напиј се чај или кафе во дворот или балкунот. Истражувањата покажуваат дека кога наутро излегуваме на природна сончева светлина, нивото на допамин се зголемува, а допаминот е невротрансмитер кој ни помага да се чувствуваме мотивирани за тој ден.
Ако работните обврски не ти дозволуваат да имаш утрински прошетки, може да го зголемиш нивото на витамин Д преку додатоци.
Витаминот Д е достапен во вид на меки капсули или капки. Наша препорака се:

Додатоците може да ги набавиш преку веб продавницата на vitamini.mk или во поголемите аптеки.

витамин д3 за подобро расположение

Практикувај физичка активност

Физичката активност ни помага да се чувствуваме добро, поенергични и помотивирани за работните и домашните активности. Помага за намалување на стресот, ја намалува анксиозноста, депресијата и намаленото расположение. Може да трчате 15 минути или направете прошетка за време од 1 час. 

Консумирај намирници кои помагаат за зголемување на концентрацијата и фокусот

Можи знаеш дека одредени намирници имаат позитивно влијание врз расположението и ја подобруваат функцијата на мозокот. Тоа се:

  • Мисиркино месо
  • Лосос
  • Јаткасти плодови и семиња
  • Ананас.

Богати се со триптофан, аминокиселина која помага во синтезата на серотонин. Серотонинот е неуротрасмитер кој ни помага да се чувствуваме смирено, релаксирано и среќно. Вклучи ги намирнирите во исхраната или користи додатоци со триптофан. 

Како додаток во исхраната, го препорачуваме NOW® L-Tryptophan, кој најчесто се зема при несоница, вознемиреност и депресија. 

Зошто NOW® L-Tryptophan?

  • поддржува релаксација
  • поддржува позитивно расположение
  • поддржува мирно спиење.

Се препорачува да се земаат 1-2 капсули, 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што е препорачано од доктор. Сега може да го набавиш со 40% попуст преку веб продавницата на vitamini.mk. 

триптофан

Дознај повеќе за L-Tryptophan на линкот: https://vitamini.mk/produkt/l-tryptophan-500-mg-60-kapsuli-rok-01-2024/

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Триптофан за мирен сон и добро расположение.

Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: