триптофан за мирен сон 1

Триптофан за мирен сон и добро расположение

Ви се случило да не можете да заспиете или да се будите цела вечер? Се чувствувате нерасположени? – Потребен ви е триптофан за мирен сон. А, што претставува триптофанот и како оваа аминокиселина може да ви помогне за да го подобрите сонот и да го вратите доброто расположение – прочитајте го текстот за да дознаете.

Аминокиселините се основни градбени единици на протеините и можат да бидат есенцијални и неесенцијални. Есенцијалните аминокиселини организмот не може да ги синтетизира, па затоа мора да се внесат со храната. Во есенцијалните аминокиселини спаѓа и триптофанот. Па, ајде да се запознаеме повеќе со аминокиселината одговорна за создавање на хормонот на среќата.

триптофан за мирен сон 2

Што е триптофан и која е неговата поврзаност со квалитниот сон и доброто расположение?

Триптофанот е една од есенцијалните аминокиселини кои му се потребни на телото за синтеза на белковините. Исто така, оваа аминокиселина е важна за синтеза на хормоните серотонин (хормон на среќата) и мелатонин. Помага во регулацијата на ритамот на спиење и будност. Затоа се препорачува триптофан за мирен сон и добро расположение.

Посебната важност на триптофанот лежи во неговата поврзаност со серотонинот. Доколку во мозокот нема доволна количина на триптофан, нема синтеза на серотонин. Ниското ниво на серотонин се поврзува и со депресија, анксиозност, како и зголемена агресивност.

Освен за серотонинот, триптофанот е важен за настанокот на уште еден хормон – мелатонин. Мелатонинот е важен за измена на циклусот на будност и спиење. Поголемиот внес на триптофан доведува до поголемо производство на мелатонин, а со тоа и до поквалитетн сон.

Триптофанот е аминокиселина која ја има во храната и тоа:

  • месо
  • риба
  • млеко и млечни производи
  • јајца
  • домат
  • компир
  • леќа
  • грав
  • спанаќ
  • семки од сончоглед и од тиква
  • банана
  • лук и кромид
  • целер
  • грашок.

Трипотофанот е достапен кај нас и во вид на суплемент. Како додаток во исхраната, најчесто се зема при несоница, вознемиреност и депресија. Доколку ви е потребен дополнителен внес на триптофан, вистинскиот избор е NOW® L-Tryptophan.

NOW® L-Tryptophan во својот состав содржи L-Tryptophan во слободна форма.

Зошто NOW® L-Tryptophan?

  • поддржува релаксација
  • поддржува позитивно расположение
  • поддржува мирно спиење.

Се препорачува да се зема 1-2 капсули 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што е препорачано од доктор.

Зголеменото ниво на серотонин во организмот ја намалува потребата за јагленохидтрати поради што триптофанот е одличен во борбата против дебелина.

L-Tryptophan се препорачува на:

  • луѓе со ограничена или веганска исхрана
  • луѓе кои имаат проблеми со спиењето, раздразливи се и уморни.

L-Tryptophan НЕ СМЕЕ да се зема заедно со антидепресиви (MAOI, SSRI), клоназепам, лоразепам, фенобарбитал, декстрометорфан, меперидин, трамадол…. бидејќи може да доведе до Серотонински синдром. Овој синдром настанува кога постои вишок на серотонин во мозокот.

Производот може да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс и да го добиете со бесплатна достава, а го има и во поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 придобивки од внесување на триптофан во исхраната.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: