Тирозин фокус мала

Подобар фокус, внимание, поддршка при хипотироидизам, витилиго, анксиозност и депресија со L-Tyrosine – препораки од Д-р Нела Деспотовска

Ти треба подобар фокус, внимание и ментална будност? Имаш хипотироидизам? Или пак се соочуваш со витилиго, анксиозност и депресија? Имаш слушнато за аминокиселината L-Tyrosine?

Една аминокиселина, а толку значајна за здравјето. Во кои намирници може да се најде оваа аминокиселина? Дали е достапна кај нас како додаток? – Одговор на овие прашања побаравме од Д-р Нела Деспотовска.

L-Tyrosine

Што е тирозин (L-Tyrosine)?

Тирозинот (L-Tyrosine) е неесенцијална аминокиселина која игра важна улога во синтезата на протеините и производството на неколку значајни хемиски соединенија во телото. Оваа аминокиселина се смета за „условно неопходна“, бидејќи телото може да ја произведе од фенилаланин, но во одредени состојби може да биде потребно дополнително внесување преку исхраната или суплементи. Има бројни функции, а најважните се:

Помага за подобро расположение, фокус и внимание

Аминокиселината L-Tyrosine е потребна за производство на невротрансмитерите допамин, адреналин и норадреналин. Норадреналинот и адреналинот се главните актери во одговорот на телото на акутен стрес и заедно со допаминот, помагаат да се поддржи позитивно расположение и ментална будност. 

Може да те интересира: 7 намирници го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот – препораки од Д-р Нела Деспотовска.

Учествува во производство на меланинот и може да помогне кај лица со витилиго

Тирозинот учествува во производството на меланин, пигментот кој ја одредува бојата на кожата и косата. Витилиго е автоимуно нарушување во кое меланоцитите, клетките кои произведуваат меланин, се уништуваат од имунолошкиот систем, што доведува до појава на бели дамки на кожата.

Бидејќи тирозинот е претходник на меланинот, нарушувањата во неговиот метаболизам може да придонесат за патогенезата на витилигото. 

Се препорачува како поддршка при хипотироидизам

Тирозинот е есенцијален за создавање на тироидните хормони. Штитната жлезда користи јод и аминокиселината тирозин за да ги произведе своите хормони. Хипотироидизам настанува кога штитната жлезда не произведува доволно тироидни хормони. Недостатокот на јод или намалена секреција на тирозин може да доведат до намалено производство на тироидни хормони.

Прочитај и Д-р Нела Деспотовска советува: 7 знаци на нарушена функција на тироидната жлезда.

Кои се извори од храната?

Тирозинот се наоѓа во храната богата со протеини како:

  • Месо (пилешко, говедско и мисиркино)
  • Риба
  • Млечни производи
  • Јаткасти плодови
  • Соја и мешунки.

L-Tyrosine е достапен и како додаток во исхраната

Ако се соочуваш со намалено внимание, фокус, депресија, анксиозност или имаш хипотироидизам, препорачуваме L-Tyrosine од NOW. L-Tyrosine е додаток во исхраната. Многу лесно ја поминува мозочната бариера и помага да се синтетизираат неколку важни супстанции: допамин, серотонин, адреналин и норадреналин, тироидни хормони и меланин. Може да се набави од поголемите аптеки или да се нарача преку веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава до дома.

Тирозин

Важно: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Лица со болест на тироидната жлезда (хипертироидизам), меланом или оние кои земаат МАО инхибитори или други лекови за менување на расположението треба да побараат совет од лекар пред да го консумираат овој производ.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: L-Tyrosine за подобро расположение, повеќе сила и енергија.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: