есенска депресија

Есенска депресија – Може ли исхраната да помогне?

Враќањето во секојдневието по одморите, почетокот на новата учебна година, сообраќајниот метеж, финансиските обврски, но и дождливото време, често претставуваат причина за нерасположение на луѓето. За некои, крајот на летото значи врнежливо време, читање убава книга и пиење чај, но кај некои луѓе се јавува есенска депресија која може да влијае на квалитетот на животот, но и на здравјето.

Есенското сивило често предизвикува замор, пад на имунитетот, исцрпеност, проблеми со спиењето, главоболка, анксиозност, нервоза и изразено чувство на песимизам. Па, сигурно се прашувате како исхраната може да ни помогне полесно да се справиме со оваа состојба?

Јаглените хидрати како помош против есенска депресија

Недостатокот на серотонин е една од главните причини за појава на есенската депресија. За производство на овој хормон во мозокот потребно е да се внесе доволно количество јаглехидрати. Со други зборови, во дневното мени треба да вклучите тестенини, леб, ориз и други житарки, посебно во утринските и попладневните оброци. Во вечерните часови, кога нашата физичка активност е намалена, процесот на претворање на јаглехидратите во серотонин може да оди во друга насока и да доведе до создавање резерви на маснотии, па имајте на ум да не претерувате со изедената количина.

А кои се сојузниците на јаглените хидрати?

Покрај јаглехидратите, триптофанот, магнезиумот и витаминот Б6 се многу корисни за производство на серотонин, а добрата вест е што тие може да се земат и како додатоци во исхраната. Читајте до крај, ќе ви објасниме повеќе.

Есенска депресија

Што може да ви помогне за да ја спречите појавата на есенска депресија?

Избегнувајте стресни ситуации, колку што е можно повеќе

Стресот ја зголемува потребата за шеќери. А потврдено е дека луѓето кои се под постојан стрес имаат и недостаток на магнезиум. Тоа значи дека треба да се потрудите и да се осигурате дека внесот на овој минерал е доволен, особено во есенскиот период. Магнезиумот придонесува за правилна работа на срцето и за контрола на крвниот притисок, важен е за релаксација на мускулите, како и за искористување на одредени витамини и други хранливи материи. Недостатокот на овој минерал може да го надополните со зголемување на внесот на храна богата со магнезиум. Но, често се случува исхраната да не е доволна за регулирање на нивото на магнезиум во телото, па е потребно да се внесе како додаток на исхраната. Како додатоци со проверен квалитет ги препорачуваме Magnesium меки капсулиMagnesium Citrate и Magnesium Malate на NOW. Magnesium меки капсулиMagnesium Citrate и Magnesium Malate придонесуваат за:

  • намалување на заморот и исцрпеноста
  • за електролитна рамнотежа
  • нормален енергетски метаболизам
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • нормална мускулна функција
  • нормална синтеза на протеини
  • нормална ментална функција
  • одржување на здрави коски
  • одржување на здрави заби.

А, ако имате прашања пишувајте ни на меил, а ние ќе разговараме со Д-р Нела Деспотовска и ќе ви одговориме подетално.

Не прескокнувајте оброци

Важно правило во борбата против стресот, нервозата и лошото расположение е редовната исхрана. Прескокнувањето на оброците и долгите периоди без јадење доведува до пад на шеќерот во крвта, што предизвикува чувство на глад и замор, раздразливост и нервоза. Наместо три големи оброци, јадете помали оброци почесто.

Консумирајте храна богата со триптофан

Одржувањето на нашите резерви на енергија не е единствениот начин на кој јаглехидратите ни помагаат да се одржиме во добро расположение. Нивниот „магичен“ ефект врз нашата психофизичка состојба се одразува и во фактот што тие го стимулираат ослободувањето на инсулин, кој овозможува аминокиселината триптофан да навлезе во мозокот. Ова доведува до зголемување на нивото на серотонин, хормон кој позитивно да влијае на расположението. Намирници кои се богати со триптофан и треба почесто да ги консумирате се: мисиркино и пилешко месо, риба, јајца и јаткасти плодови.

Трипотофанот е достапен кај нас и во вид на суплемент. Како додаток во исхраната, најчесто се зема при несоница, вознемиреност и депресија. Доколку ви е потребен дополнителен внес на триптофан, вистинскиот избор е NOW® L-Tryptophan. NOW® L-Tryptophan во својот состав содржи L-Tryptophan во слободна форма. Овозможува релаксација, позитивно расположение и мирен сон. Се препорачува да се зема 1-2 капсули 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што е препорачано од доктор.

есенска депресија

Витамини за подобро расположение

Кога сме под стрес, нашето тело е „зафатеносо излачување на поголеми количини на хормони, како кортизол и адреналин кои го зголемуваат крвниот притисок и ја насочуваат енергијата кон мускулите. Поради оваа зголемена активност, на телото му требаат повеќе хранливи материи, а особено витамините од групата Б и витаминот Ц. За среќа, овие витамини се наоѓаат во голем број намирници, па со здрава и урамнотежена исхрана лесно можете да ги одржувате залихите полни.

Консумирајте го умерено кофеинот

Кофеинот во големи количини негативно влијае на нервниот систем. Во мали дози може да го подобри расположението, но во преголеми дози создава раздразливост, панични напади, несоница и главоболки.

Избегнувајте алкохол

Иако алкохолот може да ве извади од меланхолијата и да ја ослободи напнатоста за краткорочно, на долг рок предизвикува депресивна состојба, поттикнувајќи појава на негативни мисли.

Јадете црно грозје

Црното грозје е богато со мелатонин, хормон кој се лачи од хипофизата и е одговорен за одржување на правилен ритам на будност и сон. Тоа е многу важно бидејќи квалитетниот сон е еден од клучните фактори за добро расположение. Црното грозје содржи и други антиоксиданси кои придонесуваат за целокупното здравје.

Препорака: Повеќе за гореспоменатите производи прочитајте на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 начини за намалување на симптомите на анксиозност.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: