„Обожавам креативни предизвици и се приклучувам со радост! Овој пат Жито Лукс организира креативен предизвик на тема Halloween, па тоа ме инспирираше да го приготвам овој рецепт.
Враќањето во секојдневието по одморите, почетокот на новата учебна година, сообраќајниот метеж, финансиските обврски, но и дождливото време, често претставуваат причина за нерасположение на луѓето. За некои, крајот на летото значи врнежливо време, читање убава книга и пиење чај, но кај некои луѓе се јавува есенска депресија која може да влијае на квалитетот на животот, но и на здравјето.
Речиси и да нема човек кој не обожава убав мирис во домот. Но, не секогаш купечките аромаризерии на простории се корисни за нашето здравје. Побезбедна опција за освежување на просториите се миризливите свеќи и стапчиња, но често пати и тие во својот состав содржат вештачки мириси и бои. Затоа, ви претставуваме брз и едноставен начин како сами да си направите ароматична свеќа која во вашиот дом ќе ја донесе магијата на есента.