Направете сами есенска ароматична свеќа

Речиси и да нема човек кој не обожава убав мирис во домот. Но, не секогаш купечките аромаризерии на простории се корисни за нашето здравје. Побезбедна опција за освежување на просториите се миризливите свеќи и стапчиња, но често пати и тие во својот состав содржат вештачки мириси и бои. Затоа, ви претставуваме брз и едноставен начин како сами да си направите ароматична свеќа која во вашиот дом ќе ја донесе магијата на есента.

Убавите мириси благопријатно влијаат врз нашето целокупно психофизичко и ментално здравје. Тие нѐ релаксираат и нѐ смируваат, но исто така знаат и да не вратат во некои убави моменти од нашиот живот.

есенска ароматична свеќа

Есенска ароматична свеќа

Доколку и на вас есента ви е омилено годишно време, или пак ви носи убави спомени и сеќавања, оваа свеќа е совршен избор за вашиот дом.

Потребни материјали за украсни ароматични свеќи:

  • мала тегла
  • фитил
  • ½ чаша восок
  • ½ чаша кокосово масло
  • зачини (цимет, каранфилче и ѓумбир во прав).

Подготовка:

  1. Најпрво залепете го фитилот на дното на малата тегла.
  2. Потоа во сад на пареа ставете ги восокот и кокосовото масло. Растопете ги. Смесата не треба да врие, доволно е само да се стопи и соедини.
  3. Во смесата додајте ги зачините кои вас ве потсетуваат на есен. Ние одбравме да додадеме цимет, каранфилче и ѓумбир.
  4. Потоа смесата турете ја во теглата со фитил. При турање можете фитилот да го придржувате со рака или пак да го врзете на молив кој ќе го ставите преку врвот на теглата.
  5. За крај ви останува само да причекате вашата ароматична свеќа да се стврдне. Запалете ја и уживајте во прекрасната арома која ќе ја шири во вашиот дом.

Ви предлагаме да прочитате: Миризлива свеќа од портокал за една минута.

Сподели: