смути во чинија

Од кујната на Марија Кочовска: Есенско смути со јаболко и цимет

„Јаболко, цимет и банана – популарна есенска комбинација која го зајакнува имунитетот и ќе ви даде енергија за цел ден! Предизвикот за подготовка на оброк кој го зајакнува имунитетот ми го дадоа списанието Убавина и здравје, па овој супер здрав рецепт може да го најдете и во ноемврискиот број. Есенското смути со јаболко и цимет е хранливо, богато со растителни влакна, витамини и минерали и се препорчува за вегани, лица кои практикуваат исхрана без шеќер и без глутен, како и за време на пости.“  – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.

Брзо се прави, потребни се неколку состојки кои ги имате во кујната, а вкусот е фантастичен! Направете го веднаш!

смути во чинија со автор

Состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 банана
  • ¼ чаша овесни снегулки
  • 2 урми или 1 лажица сируп од урми
  • ½ мала лажчка екстракт од ванила
  • ½ мала лажичка цимет
  • ⅓ чаша вода, овесно или растително млеко по избор.

За декорација:

  • сечкано јаболко
  • мусли
  • кокос
  • бадеми.

Подготовка:

  1. Банана исечкајте ја на кругови и ставете ја во замрзнувачот за време од 2 до 3 часа.
  2. Јаболко излупете го и исечкајте го. Ако сакате да добиете погусто смути, замрзнете ги парчињата јаболко.
  3. Во блендер ставете ги сите состојки и миксирајте додека добиете хомогена смеса.
  4. Смутито ставете го во чинија и декорирајте со парчиња јаболко, мусли, кокос и бадеми. На здравје!
смути со јаболко и цимет

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

смути во чинија со јаболко и цимет

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ти се допадна овој рецепт? Погледни ги и брзите и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко од кујната на Марија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: