Зошто е магичен циметот? Симона Коруновска и dm ни даваат интересен одговор!

Здравите оброци веројатно се најдобриот начин да се почне новата година, а dm drogerie markt и нутриционистката Симона Коруновска ќе ни откријат лесен и едноставен начин како да го направиме тоа. 

Никаде нема да пронајдеме упатство кое ќе ни даде идеално решение како правилно да се храниме. Потребно е сами да испробаме различни стилови на исхрана и разновидни продукти за да видиме што ни одговара нам, но и на нашето тело. За оваа година да ја почнете со здрави навики, dm drogerie markt со нутриционистката Симона Коруновска во следниот период ќе сподели интересни искуства, предлог-рецепти со органски dmBio состојки, како и забавни и корисни нутритивни факти!

zosto e magicen cimetot

Почнуваме со еден магичен зачин – цимет. Се работи за еден од најстарите зачини во светот што се добива со мелење на кафената кора од циметовото дрво (cinnamonum verum). Постојат повеќе видови цимет и, како што вели Симона, не секој од нив е добар за секојдневна употреба! Доколку го користиме секојдневно Симона го препорачува цејлонскиот цимет. Циметот содржи бета-каротен, антиоксиданси, манган, а има и антиинфламаторни својства, со што може да го намали интензитетот на симптомите при инфекции, да го спушти нивото на лош холестерол, како и да придонесе за намалување на ризикот од дијабетес.

Ве интересираат уште повеќе информации за циметот? Погледнете го целото видео на YouTube каналот на dm! 

Покрај наведените позитивни својства, циметот е одличен и како зачин. Затоа споделуваме како да направите извонредно вкусни овесни палачинки со јаворов сируп. Ова е оброк за зближување, затоа што за кратко време може да му стане омилен на секој член од семејството. На почеток, може и да изгледа и да звучи комплицирано, но оваа варијанта на здрави палачинки е супер брза и лесна за подготовка. И најважно од сѐ, поради овој оброк подолго време ќе се чувствувате сити, а бонус е што изобилува со растителни влакна и здрави масти. Погледнете тука кои состојки ви се потребни за овој рецепт и како да го подготвите.

Совет плус за уште повеќе да уживате во вкусовите? Препорачуваме да ги комбинирате палачинките со dmBio сокот од црна рибизла со кој ќе добиете максимална апсорпција на железото и ќе го збогатите оброкот со антиоксиданси.

Интересни нутритивни факти за состојките во овој рецепт:

  • Лененото семе содржи многу здрави масти и помага за редовна столица. Се препорачува да биде сомелено за да биде полесно за дигестија и да се комбинира со течности заради богатството на растителни влакна.
  • Цејлонскиот цимет изобилува со антиоксиданси кои имаат антиинфламаторен ефект. Богат е со витамини и минерали, а помага и при регулирање на шеќерот во крвта.
  • Тука е и путерот од бадем кој иако е калоричен, не треба да биде исклучен од исхраната бидејќи содржи масни киселини кои се важни за срцевото здравје, витамин Е кој е многу важен за имунитетот, како и трите неопходни масти за правилна функција на телото.
  • Црната рибизла и нејзниот сок го намалуваат оксидативниот стрес. Таа ја има највисоката антиоксидантна вредност во споредба со сите останати овошја. Помага во борбата со вируси, го намалува ризикот од одредени типови рак и може да го намали крвниот притисок.

Доколку сакате да пронајдете уште повеќе вакви рецепти и корисни факти, посетете ја веб-страницата на dm.

Сподели: