Здравите оброци веројатно се најдобриот начин да се почне новата година, а dm drogerie markt и нутриционистката Симона Коруновска ќе ни откријат лесен и едноставен начин како да го направиме тоа.

Дали и вам ви се случило да влезете во dm да купите гел за туширање или шампон, а половина час подоцна да излезете со полна кеси производи? Ви звучи познато, нели? Шопингот во дрогериите на dm за многумина од нас е вистинско уживање. Почнувајќи од атмосферата, љубезните вработени, па сѐ до асортиманот кој го нудат овие дрогерии…секогаш можеме да најдеме сѐ што ни треба за нас, нашите најмали, нашиот дом.
Тековната здравствена состојба предизвикана од пандемијата на корона вирусот нè насочи кон нашата исконска поврзаност со природата и ги актуализираше проблемите во врска со животната средина и зачувувањето на екосистемите. Враќајќи се на сопствените приоритети и здравје, започнавме да размислуваме што јадеме и како живееме, но и какви последици предизвикуваме за нашето опкружување.
Во изминатиов период размислувавме за здравјето повеќе од кога било, но и за нашата врска со природата. Многумина од нас ја искористија можноста да се вратат на сопствените приоритети, a еден таков е и грижата за своето здравје преку исхраната. Нашата врска со природата најмногу се рефлектира преку органска храна која ја внесуваме во организмот, поради што дрогериите на dm се вашето место токму за вакви органски производи по супер цени.