Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 1

Есенска пита со јаболка и цимет – брза и без миксер

Оваа есенска пита со јаболка и цимет е една од нашите омилени во последниот период! Сочна е, и тоа многу. Количината  на шеќер е минимална, а не е потребен ни миксер. Потсетува на слатка пита, како редена од палачинки. Вкусот и е уникатен, а аромата, баш за уживање!

Рецептот настана многу спонтано, во една релаксирана вечер, кога сакавме набрзина да се засладиме, а при тоа да не трошиме многу време, ни труд. Оттогаш, го запишавме и стана традиционално есенско уживање во нашето друштво, сите ја обожаваат. Јаболката и циметот се комбинација без грешка, па знаевме дека ќе биде добра. Како и разни други зачини, циметот со задоволство го набавуваме од проверената палета на Рајска градина, природен е и без ГМО, а достапен е во вид на ќесичка и тегличка, па препорачуваме да го пробате.

Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 2 Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 3 Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 6

Состојки:

За редење и поросување:

Течна смеса:

  • 4 јајца
  • 1½ чаша млеко
  • 3 лажици масло.

Сува смеса:

  • 1 чаша брашно
  • ½ чаша густин
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажица цимет од Рајска градина
  • 1 ќесичка ванилин шеќер (8 грама)
  • ½ ќесичка прашок за печиво (5-6 грама).

Подготовка:

  1. Тавата обложете ја со хартија за печење. Препорачуваме тавата да биде со големина 26 или максимум 28.
  2. Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 230 степени.
  3. Јаболката добро се мијат, се лупат и се сечат прво на половина. Потоа, секоја половина се сечи на кришки. Кришките се редат во претходно припремената тава, по целата површина.
  4. Врз наредените кришки поросете прво со циметот, а потоа со афионовото семе.
  5. Во сад измешајте ги сувите состојки.
  6. Во друг, поголем сад, со виљушка или жица за матење, измешајте ги течните состојки.
  7. Во садот со течната смеса, со постепено со мешање додајте ја сувата смеса. Откако добро се соединиле состојките, смесата за колачот ставете ја над јаболката и порамнете со лажица. Јаболката ќе се поткренат од дното на површината и тоа е нормално.
  8. Намалете ја температурата на рерната на 200 степени и ставете ја питата да се печи околу 20-25 минути, зависно од рерната.
  9. Потоа, последните 10 минути, повторно зголемете ја температурата на 220 степени, за питата да добие убава боја.
  10. На крај, питата се остава во исклучената рерна уште 5 минути и се вади од неа, па се покрива со кујнска крпа. На здравје!
Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 4 Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 5

Ви препорачуваме да прочитате: Со чај од нане до полесно слабеење! – Еве како помага за витка линија.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: