7 начини да го зголемите вниманието на детето на училиште

Не постои родител кој не посакува детето да му биде одличен ученик. Но, понекогаш е вистински предизвик да се натера детето да учи. Колку и да вложуваме напори, често пати не успеваме доволно да ги мотивираме децата. За да ви помогнеме ви откриваме неколку стратегии како да го зголемите вниманието на детето на училиште и да му помогнете да постигне подобар успех.

За многу деца, учењето е проблем и напор кој долго трае, а не ги дава очекуваните резултати. Кога детето не внимава на часовите, не може да го совлада материјалот. Постојат одредени техники кои ќе ви помогнат да го зголемите вниманието на детето на училиште и ќе направат учебната година да ја поминете лесно и забавно.

7 начини да го зголемите вниманието на детето на училиште

Вклучете физичка активност

Правење пауза за забавна игра или време за играње на отворено може да му помогне на ученикот да остане фокусиран на наставата.

Научете го детето како да внимава

Размислете за користење на тајмер за да му помогнете на детето да го следи времето во кое мора да ги исполни задачите.

Прилагодете го времето за учење

Ако детето не може да остане фокусирано подолго време на задачата, поделете ја содржината. При долго и континуирано учење детето губи концентрација и времето ќе биде залудно потрошено.

Отстранете ги визуелните предмети кои го одвлекуваат вниманието

Кога детето решава одредена задача, дури и нередот на работната маса може да го оневозможи да го задржи вниманието таму каде што треба.

Играјте игри со меморија

Мемориските игри помагаат да се усоврши фокусот на децата на забавен начин и да можат да се сконцентрираат на задачите.

Оценете ги задачите

Замолете го детето да ја оцени тежината на активноста на скала од 1 до 10. Ако детето смета дека активноста е 8 или повисока, прашајте го што би можело да се направи за тежината на задачата да биде 2 или 3. На овој начин ќе знаете што треба да направите за да му помогнете.

Поделете ги задачите

Погледнете ја задачата и поделете ја. Овозможете му на детето да се фокусира доволно долго за да изврши дел од задачата, а потоа направете пауза.

За да ја зголемите концентрацијата, меморија и читањето вклучете Омега-3 во исхраната

Недостатокот на омега-3 и ДХА во мозокот може да предизвика проблеми со размислувањето, учењето, когнитивното однесување и да придонесе за нарушување на вниманието. Консумирањето на додатоци од рибино масло и храна богата со омега-3 (морска храна, ленено семе, јаткасти плодови, марула…) помага подобрување за сите горенаведени состојби.

Од суплементи со Омега-3 кои се достапни кај нас и се наменети за децата го препорачуваме DHA Kids Chewable од Now Foods. Има повеќе полезности меѓу кои:

  • поддржува детски когнитивен развој
  • подобра координација на рацете, социјални вештини и зголемена концентрација
  • подобар вид и функција на очите
  • го подобрува читањето и меморијата.
7 начини да го зголемите вниманието на детето на училиште

Омега-3 се од суштинско значење при одгледување на децата во насока на подобрување на нивното когнитивно и бихејвиорално функционирање. Доказите од експерименталните студии покажуваат дека овие нутриенти ги регулираат бихејвиоралните и неврохемиските аспекти кои се поврзани со нарушувањата на однесувањето (одговор на стрес, депресија и агресија, раст, меморија и когнитивните функции). Недостатокот на омега 3 ја нарушува функцијата на мозокот и ја отежнува состојбата кај дечињата со дефицит на внимание. Оптималниот внес на EПA и ДХА ги намалува проблемите во однесувањето и го подобрува капацитетот на мозокот.

DHA Kids Chewable може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или да ги најдете во поголемите аптеки низ земјава. А сега имате супер можност за да набавите DHA Kids Chewable со 50% попуст. Кликнете на линкот и нарачајте ги на вашата адреса. Попустот важи само за онлајн нарачки преку веб продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобрите хранливи состојки за јакнење на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: