Време е за детски насмевки, училишен чагор, многу вкусни сендвичи, награди и изненадувања! Оваа есен со Жито Лукс ве даруваме! Направете детски сендвич со хумус, препуштете се на креативноста и дознајте како може да освоите вредни подароци.
Плус, за вас имаме специјално изненадување! Побарајте го промотивното пакување на Екстра белото брашно и добиј подарок пченакрно брашно и готвач со рецепти кои го припремивме со голема љубов.

Состојки:
- 2 парчиња тост леб – Микс од зрна од Жито Лукс
- 2 лажици хумус
- 6 кругови краставица
- 1 лист кашкавал.
За декорација:
- Кашкавал
- Маслинки
- Краставица
- Моркови.

Подготовка:
- Парчињата леб премачкајте ги со хумус. Врз едното парче леб ставете ги круговите краставица, а врз другото – кашкавалот. Парчето со кашкавал ставете го врз парчето леб со краставицата.
- Со кружен калап исечете го горниот дел од лебот.
- Со мал кружен калап од кашкавалот исечете кругови – „очи на буфот“. Од маслинките исечете мали кругови и ставете ги врз кашкавалот.
- Исечете круг од краставицата, а потоа поделете го на два дела – „крилја на буфот“.
- Од морков исечете ги клунот и нозете на буфот. Сендвичот ставете го кутија. Дополнително припремете и свежо овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Подготовката погледни ја на видеото:
Дали знаеш дека оваа есен Жито Лукс имаат многу изненадувања и подароци? Ќе те запознаам со сите.
1. Промотивни сетови со подарок готвач и брашно!
Дали знаеш дека во поголемите маркети низ земјата можеш да ги најдеш промотивните пакувања на Екстра белото брашно и да добиеш подарок пченкарно брашно и книга со рецепти која ја подготовивме ние?
Плус, од Жито Лукс има и промотивен сет од 3 Екстра Бело брашно + 1 подарок!

2. Креативен си? Направи креативен оброк и освој подароци!
Ајде да ги испратиме нашите деца на школските часови со нешто убаво, вкусно и креативно. Бидете полни со фантазија и љубов додека подготвувате креативна ужинка, највкусни мафини, кифлички, мини пици, или сендвичи. Сликајте ги, додајте хаштаг #самсвојшеф и тагнете го профилот @ZitoLuks на Инстаграм.
Креативноста ја наградуваме. Дознај повеќе информации тука: https://zitoluks.com.mk/samsvojchef

3. Освој и автомобил!
Да, сега можеш да освоиш и автомобил, со новата наградна игра на Жито Лукс.
Како да учествуваш:
Купи барем еден тост леб од Жито Лукс и прати СМС порака на бројот 149 444, со бројот на фискалната сметка и времето на купување.
Пример: #1234 13:45
Секоја СМС порака учествува во неделното извлекување, а сите недобитни СМС пораки испратени во текот на целата наградна игра, учествуваат во главното извлекување кое ќе се одржи на 11.11.2024 год.
Побрзај, повеќе СМС пораки, повеќе шанси за добивка.

Повеќе информации за наградната игра дознај тука: https://zitoluks.com.mk/denes-e-tvojot-srekjen-den-kupi…/
Размислуваш да се вклучиш во дарувањата? Ти требаат идеи за сендвичи со тост леб? Разгледај повеќе рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Италијански сендвич со домати – брза идеја за појадок од Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
