рецепт за сендвич монте кристо

Монте Кристо сендвич – брза идеја за појадок од кујната на Марија Кочовска

Кој е за брз и превкусен сендвич? Ајде гурмански да патуваме и да ги вкусиме најубавите јадења ширум светот. Овој пат ви припремив Монте Кристо сендвич кој е американска верзија на францускиот сендвич „Croque-monsieur“.  Се прави од тост леб, сирење (кашкавал) и шунка, премачкан во мешавина од јајца и испржен во путер. 

киноа бургер 1

Киноа бургер – вкусен вегански сендвич

Добар сендвич секогаш годи! А, во време на пости и за сите оние кои обожаваат да јадат храна од растително потекло, популарно позната како веганска и да се супер сити, ваков киноа бургер е добредојдена идеја!

Јапонски сендвич со јајца од 5 состојки 1

Јапонски сендвич со јајца од 5 состојки – идеален за Велигден

„Среќни и весели нека ни се Велигденските празници, нека носат само убавини во секој дом! А, како што е обичајот, сите ние, секој по свој мерак, боиме прекрасни шарени јајца и ги даруваме со добра мисла и во знак на почит кон еден од најголемите христијански празници. Обожавам да ја истражувам  интернационалната кујна, па испробав и ви препорачувам нешто проверено вкусно. Ви предлагам да го изненадите семејството со интересно нареден јапонски сендвич со јајца!“ – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим. 

сендвичи со бавно печено свинско месо 1

„Pulled pork“ сендвичи со бавно печено свинско месо во рерна

Направете ги највкусните и популарни „Pulled pork“ сендвичи со бавно печено свинско месо во рерна. Американските бургери стануваат хит и кај нас, а тоа ни беше мотивација да го споделиме овој рецепт.

Капрезе сендвич

Капрезе сендвич со нане

Лето, море и Италија! Убава земја со богата историја и уште повкусна кујна. Инспирирани од една од најубавите италијански салати ви припремиве капрезе сендвич со нане. Доволни ви се само 10-тина минути за да уживате во медитеранската арома на босилек, домати и моцарела.

клуб сендвич со тартар сос

Клуб сендвич со домашен тартар сос

Добро друштво, клуб сендвич и тартар сос! Звучи примамливо, нели? Тоа е нашата омилена комбинација за мезе со пријателите која има уникатен вкус, благодарение на домашниот тартар сос. Популарните залчиња „скоцкани“ во вид на клуб сендвич, кои обично може да се нарачаат во поголем број на мезе барови, сега може да ги направите и дома.

Сендвич лепчиња со мелени ореви 1

Сендвич лепчиња со мелени ореви

Време е за малку поинакви и со подобрен вкус, мали сендвич лепчиња со мелени ореви! Симпатични и за обожавање од сите возрасти. Убави за сендвичи, за на пикник, за на работа, а зошто не и за уживање и на трпезата!

„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце 1

„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце

Сите се слични, но и малку различни! Ваквите сендвичи будат посебно убави емоции и потсетуваат на лабаво дружење во некој „ланч бар“ со најблиските пријатели или саканите. Едноставно е да направите, па ви предлагаме да го пробате вака приготвениот клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце!

Домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук 1

Домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук

Популарните залчиња „скоцкани“ во вид на клуб сендвич, кои обично може да се нарачаат во поголем број на мезе барови, сега може да ги направиме и дома. Сервирањето е многу занимливо и предизвикува интерес кај секој. Ова е дегустативно искуство кое треба да го доживееме сите!

Фалафел ќофтиња од леблебии - посни и без глутен

Фалафел ќофтиња од леблебии – посни и без глутен

Името е интересено, а вкусот импресивен и тотално неодолив! Прекрасните фалафел ќофтиња од леблебии се специјалитет кој најмногу се консумира на Средниот Исток, а се смета дека потекнуваат од Египет. Толку се убави, што не треба да ги пропуштите. Искористете го првиот момент на малку слободно време и дефинитивно одлучете се да ги пробате! 

путер од кикиритки

Направете сами путер од кикиритки

Многу популарниот путер од кикиритки кој секојдневно се користи Америка, Велика Британија, Холандија, сега може да го направите дома. Тој има многу хранливи материи и припаѓа во групата на здрава исхрана. Најчесто се користи за сендвичи или може да го намачкате на парче леб, а понекогаш се комбинира со мармалад, чоколадо, зеленчук или сирење.