Л-тирозин 1

Д-р Нела Деспотовска советува: L-Tyrosine за подобро расположение, повеќе сила и енергија

Скоро секој од нас во животот се соочува со стрес, недоволна сила и енергија, депресивно расположение или анксиозност. Во тие моменти човекот бара разни решенија со цел да си помогне во надминување на овие проблеми. Ако не знаете како да се ослободите од напнатоста, пробајте го L-Tyrosine за подобро расположение.

За L-Tyrosinе дознавме повеќе од разговорот со Д-р Нела Деспотовска која секогаш со задоволство одговара на нашите прашања. Овој пат ја прашавме што е L-Tyrosine, зошто му е потребен на организмот и кога се препорачува.

L-Tyrosine

Што претставува L-Tyrosine?

L-Tyrosine е неесенцијална аминокиселина која природно се произведува од друга аминокиселина наречена фенилаланин. Потребен е за производство на невротрансмитерите допамин, адреналин и норадреналин, како и за пигментот кој ја дава бојата на кожата, меланин. Адреналинот и норадреналинот се главните актери во одговорот на телото на акутен стрес и, заедно со допаминот, помагаат во подобрување на расположението и менталната будност. Покрај тоа, L-Tyrosine е особено важен за одржување на нормална функција на тироидната жлезда.

L-Tyrosine-от е присутен во многу видови храна, особено во сирењето каде за прв пат е откриен. Го има во пилешко и мисиркино месо, риба, млечни производи, спанаќ, семки од тиква, грав, интегрални житарки, моцарела, пармезан и други производи со висок процент на протеини.

Зошто на нашето тело му е потребен L-Tyrosine?

L-Tyrosine-от многу лесно ја поминува крвно мозочната бариера и помага да се синтетизираат неколку важни супстанции:

  • Допамин и серотонин. Допаминот ги регулира центрите за задоволство и е важен за меморија и моторни вештини. Серотонинот е важен за регулација на сонот, крвниот притисок, чувството на болка и расположението.
  • Адреналин и норадреналин. Овие хормони се одговорни за намалување на стресот и може да помогнат да се спречи недостатокот на меморија предизвикана од стрес. Адреналинот помага во разлагање на масното ткиво, додека, норадреналинот делува како невротрансмитер кој овозможува ментална будност, подобро помнење и расположение и го намалува апетитот.
  • Тироидни хормони. Тироидните хормони се создадени од тироидната жлезда и главно се одговорни за регулирање на метаболизмот.
  • Меланин. Овој пигмент им ја дава бојата на вашата кожа, коса и очи. Луѓето со темна кожа имаат повеќе меланин отколку луѓето со светла кожа.

Кога се препорачува Л-тирозин?

При недостаток на сила и енергија

L-Tyrosine-от ја блокира апсорпцијата на други аминокиселини како L-Tryptophan и на тој начин ја стимулира работата на мозокот. Консумирањето храна со висока содржина на протеини или земањето на L-Tyrosine 20-30 минути пред оброк кој е богат со јаглехидрати може да го спречи падот на енергија и да ја зголеми будноста до крај на денот. Ако се зема 30 минути пред вежбање, ја подобрува концентрацијата и интензитетот во текот на вежбањето. L-Tyrosine-от ја олеснува врската помеѓу мозокот и мускулите и ја подобрува нивната комуникација што директно влијае во зголемување на нивото на енергија и добивање на сила.

L-Tyrosine за подобро расположение

Стресот е нешто што секој го доживува и може негативно да влијае на расудувањето, меморијата, вниманието и знаењето со намалување на невротрансмитерите. Особено се препорачува L-Tyrosine за подобро расположение затоа што има антистресен ефект. Студиите покажуваат дека може да помогне во одржување на менталниот капацитет кога се зема пред стресна активност. Кај многу жени го намалува стресот, ја ублажува депресијата и раздразливоста кои се типични за ПМС.

Депресија и анксиозност

L-Tyrosine е познат антидепресив. L-Tyrosinе-от влијае на концентрацијата на допамин и норадреналин чија рамнотежа е пореметена при депресивни состојби. Бројни студии покажуваат дека L-Tyrosine како суплемент е корисен при состојби на стрес, настинка, замор кој се јавува поради отежнати животни околности, влијае на расположението и когнитивните функции и го подобрува квалитетот на сонот.

Се препорачува и на спортисти

Спортистите треба да земаат L-Tyrosine бидејќи овозможува подобра поврзаност меѓу мускулите и мозокот. Нив обично им се препорачува да го земаат во дози од 500–2000 mg, 30-60 минути пред вежбање. Ефикасен е за зачувување на менталните перформанси за време на физички стресни ситуации или периоди на несоница кога се зема во дози кои се движат од 100–150 mg на kg од телесната тежина.

Наша препорака за суплементација со L-Tyrosine

За максимално искористување на придобивките од L-Tyrosine-от, ви го препорачуваме L-Tyrosine од NOW. L-Tyrosine е популарен додаток во исхраната кој се користи за подобрување на будноста, вниманието и фокусирањето. Дополнувањето со овој суплемент ги зголемува важните хемикалии на мозокот кои влијаат на расположението и реакцијата на стресот. L-Tyrosine-от е безбеден ако се зема во доза од 150 mg/kg на ден во период од 3 месеци. Ако се зема во високи дози може да предизвика гадење, главоболка и замор. Најчесто се препорачува да се зема 1 капсула најмногу 3 пати дневно, по можност меѓу оброци.

Производот може да го најдете во повеќето аптеки ширум земјава или да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс и да го добиете со бесплатна достава. Едно пакување L-Tyrosine има 60 капсули од по 500 mg.

Максимална апсорпција на L-Tyrosine се постигнува кога се зема на празен желудник бидејќи тогаш предизвикува зголемено лачење на серотонин давајќи чувство на задоволство, а истовремено ја намалува потребата за претеран внес на јаглехидрати. Добро е да се зема заедно со витамин Б6 што ќе помогне во негова конверзија во допамин.

L-Tyrosine од NOW го препорачуваме затоа што е:

  • поддршка на невротрансмисијата
  • здрава функција на жлездите
  • поддржува ментална будност
  • L-Tyrosine употребен во овој производ е со фармацевтски степен
  • без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Лица со болест на тироидната жлезда (хипертироидизам), меланом или оние кои земаат МАО инхибитори или други лекови за менување на расположението треба да побараат совет од лекар пред да го конзумираат овој производ.

Ви препорачуваме да прочитате: Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: