опаѓање на косата како последица од корона вирусот 1

Опаѓање на косата како последица од корона вирусот и како да си помогнете

Oпаѓањето на косата е нормален процес кај секој од нас и ретко кога обрнуваме внимание на истото, затоа што таа брзо се регенерира и не се забележува недостаток од видливо проретчување. Спротивно од нормалното променување, е појавата на зголемено опаѓање на косата, придружено со споро обновување. Постојат различни причини за абнормално губење на влакна од главата. Како почести причини се вбројуваат стресот и прележана болест, а во последно време медицинските лица посочуваат дека може да се случи зголемено опаѓање на косата како последица од корона вирусот.

Но, не грижете се, проретчувањето на влакната е нормален процес и има начини како да си помогнете. Направивме мало истражување  на темава. Откривме дека може да се јави зголемено опаѓање на косата како последица од корона вирусот кај многу луѓе и дека истиот влијае на два начини. Како прво, целава ситуација со пандемијата, односно поврзаноста на секојдневниот стрес  кој се должи на безбројните точни и неточни информации по социјалните мрежи и медиумите. Второ и можеби уште поважно, а посебно за засегнатите лица, опоравувањето после прележување на вирусот. За поддршката и советите да споделиме со вас проверени информации, се заблагодаруваме на Д-р Нела Деспотовска.

опаѓање на косата како последица од корона вирусот 2

Моменталното губење на коса е нормално после прележана болест

После опоравување од некоја болест, вклучувајќи го и корона вирусот, кај многу луѓе се јавува забележливо губење на коса. Всушност, станува збор за медицинска состојба која е нормална појава после прележана болест. Најчесто настанува 2 до 3 месеци после болеста. Косата најмногу паѓа при капење и чешлање. Ова може да трае 6 до 9 месеци. Потоа косата се враќа во нормала, односно се намалува губењето на влакна и се забележува нов раст на влакна.

Стресот може да предизвика привремено опаѓање на косата

Дури и ако не сте биле болни од некоја болест или корона вирус, сепак може да забележите абнормално губење на косата. Иако можеби не го забележувате, поради моменталната пандемија кај секој од нас постои стрес и анксиозност. Емоционалниот стрес предизвикува губење на влакна повеќе од нормалното. За да го спречите опаѓањето на косата поради стрес, обидете се да се фокусирате на работи кои ве прават среќни и избегнувајте премногу да слушате вести поврзани со пандемијата. И губењето на коса предизвикано од стрес може да трае 6 до 9 месеци.

Ниското ниво на железо во крвта е причина за опаѓање на косата

Ако забележите опаѓање на косата, а притоа свесни сте дека извесно време сте под стрес или сте прележале корона, препорачливо е да направите крвна слика. Во истата е важно да биде испитано серумското железо во крвта. Ако резултатот покажи дека серумското железо или хемоглобинот се слаби, се препорачува храна која што е богата со железо и витамин Ц, кој е важен за негово максимално искористување. Од храна ја препорачуваме Hawaiian Spirulina во комбинација со AlphaSorb-C. Hawaiian Spirulina ја има во форма на таблетки и во прав. Достапна е во паковања со различни големини. Ја има во сите подобро снабдени аптеки во земјата, како и AlphaSorb-C, а може да се нарачаат и од онлајн продавницата на Тримекс.

Косата има способност сама да се обнови и да се врати во нормала

Без разлика дали причината за опаѓање на косата е стрес или болест, косата има тенденција самата да се обнови. Само потребно е време. Кога еднаш ќе почне растењето на косата, потребни се 6 до 9 месеци за нејзино целосно враќање на волуменот.

Помогнете ѝ на косата полесно да се регенерира

Иако косата сама по себе се обновува, сепак постои начин како да ѝ помогнете полесно да се врати во нормала. Храната е број еден. За да го поттикнете растот на косата, во исхраната вклучете намирници богати со витамини, минерали и протеини:

  • јајца
  • јаткасти плодови
  • семиња
  • авокадо
  • спанаќ
  • риба
  • месо
  • мешунки
  • киви
  • јаболко
  • бобинкасто овошје
  • брокула
  • лимон.

Дополнително, како поддршка за растот на косата, земете и додатоци во исхраната. Како најдобри, ние ги препорачуваме производите на Тримекс. Истите може да ги нарачате преку нивната онлајн продавница, а ги има и во повеќето аптеки низ земјава. За побрзо опоравување на косата после стрес или болест, ви ги предлагаме:

  • Витамин Ц – Моќен антиоксиданс кој се бори против стресот. Исто така е важен и за формирањето на колаген, како и за апсорпција на железо. Колагенот и железото се важни за раст на косата. Наш избор е AlphaSorb-C. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките.
  • Витамин Д – Витаминот Д помага во создавање на пори на скалпот од каде се овозможува раст на нови влакна. При недостаток на витамин Д, се спречува растење на косата. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.
  • Магнезиум – Природен анти-стрес минерал. Стресот предизвикува пад на косата, а магнезиумот е често користен минерал како додаток при стрес. Дополнителниот внес на магнезиум, го намалува стресот и го промовира растот на косата.
  • Омега-3 – Есенцијална масна киселина која ја обезбедува косата со потребните протеини и нутриенти за нејзин раст. Понекогаш, со храната не може да се обезбеди потребното количество на омега-3, па потребно е да се внеси како додаток во исхраната. За таа цел го препорачуваме концентратот од природно рибино масло на NOW. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот.
опаѓање на косата како последица од корона вирусот

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобри витамини за цврста коса препорачани од нутриционистите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: