цврста коса 1

Најдобри витамини за цврста коса препорачани од нутриционистите

Имате кршлива коса која споро расте? Постојано ви паѓаат влакна? – Можеби имате недостаток на витамини. Токму витамините се клучни за цврста коса со волумен и сјај. За здрава коса нутриционистите препорачуваат да се внесува храна богата во витамини.

Косата се обновува секојдневно. Постојано паѓаат едни влакна, а растат други. Во просек секој човек дневно губи 50 до 100 влакна што е нормална појава. Понекогаш може да дојде до зголемено опаѓање на косата, а телото не е во можност подеднакво брзо да ја регенерира. Најчеста причина за појава на кршлива коса која опаѓа и споро расте се смета дека е недостатокот на некои витамини.

цврста коса 2

Биотин (витамин Б7)

Биотинот е витамин растворлив во вода, што значи дека телото лесно се ослободува од вишокот на витамин Б7. Многу е тешко да се претера со внесот на биотин, односно хипервитаминозата со овој витамин е ретка појава. Овој витамин е одговорен за создавањето на аминокиселините, градбени единици на протеините. Косата е составена од 90% протеини. Може да се појави недостаток на биотин, а недостатокот оневозможува формирање на протеини и со тоа го успорува растењето на косата. Па, при недостаток на витамин Б7 настанува зголемено паѓање на влакна. Освен што го поттикнува растот а косата, биотинот ѝ дава еластичност и е одличен за нега на сува коса. Витаминот Б7 го има во јајца, јаткасти полодови, квасец и овесни снегулки.

Витамин Ц

И витаминот Ц е растворлив во вода, што значи лесно се исфрла од организмот и може да настане недостаток. Недостатокот на овој витамин најчесто се забележува на кожата и косата. Ако имате цврста коса, поради недостаток на витамин Ц, таа станува кршлива и забрзано опаѓа, а кожата е сува. Витаминот Ц има антиоксидативни својства, ги уништува слободните радикали и помага во производство на колаген.

Најдобри извори на витамин Ц се:

  • киви
  • јаболко
  • цитрусно овошје (лимон, портокал)
  • диња
  • пиперка
  • бобинкасто овошје (јагоди, боровинки, малини)
  • брокула

Од суплементите со витамин Ц го препорачуваме AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин ЦAlphaSorb-C се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на овој витамин е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на Витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскорбинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник.

AlphaSorb-C e многу полезен за милиони луѓе кои се резистентни на инсулин или со ниско ниво на чувствителност на инсулин, лица кои се склони кон недостаток на витамин Ц, како и за сите кои сакаат да го подобрат внесот на витамин Ц во телото. AlphaSorb-C™ е природна формула создадена да обезбеди алтернатива на популарните видови на витамин Ц развиени пред многу години. Достапен е во некиселинска, блага форма. Повеќе информации за AlphaSorb-C дознајте тука.

цврста коса 3

AlphaSorb-C може да го нарачате преку онлајн страницата на Тримекс. Доставата е бесплата, а го има и во повеќето аптеки ширум земјава.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го подобрите изгледот на косата? Топ намирници за есенскиот период.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: