како да ги зајакнете коските 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 лесни совети да ги зајакнете коските

Коските веќе после 30-тата година полека слабеат и им се намалува густината. Тоа е нормален и природен процес за кој не е потребно да се земаат лекови. Со здравиот начин на живот и добра исхрана, и тоа како може да ги зајакнете коските и да ја зголемите нивната густина, а со самото тоа и да спречите опасни скршеници во подоцнежните години. Препорачуваме да ја прочитате содржинава и да ги споделите со вашите пријатели овие неколку совети кои со нас ги споделува Д-р Нела Деспотовска.

цврста коса 1

Најдобри витамини за цврста коса препорачани од нутриционистите

Имате кршлива коса која споро расте? Постојано ви паѓаат влакна? – Можеби имате недостаток на витамини. Токму витамините се клучни за цврста коса со волумен и сјај. За здрава коса нутриционистите препорачуваат да се внесува храна богата во витамини.

Витамин Д неопходен за силен имунитет во ладните месеци

Додатоците во исхраната се концентриран извор на хранливи компоненти со прехранбени или физиолошки својства, сами или во комбинација. Целта им е да ја надополнат исхраната со нутриенти кои човекот не ги добива доволно преку исхраната. На тој начин се зголемува отпорноста на организмот на стресни состојби и се одржува правилна функција на телото. Овие додатоци се потребни бидејќи често настанува недостаток на некој нутриент, па така не е исклучена можноста и за појава не недостаток на витамин Д.

Витамин Д-3 капки 1

Кои се придобивките од витамин Д-3 капките?

Помага за искористување на калциумот и фосфорот, пренос на нервни импулси, минерализација на коските, значаен е за правилна функција на имуниот, кардоваскуларниот, скелетниот и нервниот систем… Витаминот Д-3 има бројни придобивки за здравјето! Може да се внесе преку храната, а достапен е во форма на меки капсули и капки (маслен раствор). Кои се разликите меѓу нив и кои придобивки ги има витаминот Д-3 во капки? – Дознајте од нашето најново истражување.

5 начини да го покачите нивото на витаминот Д 1

Д-р Нела советува: 5 начини да го покачите нивото на витаминот Д

Од сите витамини, витаминот Д важи за еден од најесенцијалните за човечкото тело. Иако е  еден од најлесно достапните витамини и може да се апсорбира и од сонцето, фактот дека 1 билион луѓе на денешно време страдаат од неговиот недостаток е шокантен. Имајќи предвид дека во ладните и зимските денови, кога во значително помала мера сме изложени на сонце се најкритични, посветивме време на темата и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Кои се нејзините совети и препораки, прочитајте во текстот. 

недостаток на витамин Д

7 знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д

Витаминот Д припаѓа на групата на витамини растворливи во масти. Во комбинација со калциумот помага во изградбата и одржувањето на силни и здрави коски. Исто така, е вклучен и во регулирањето на имунолошкиот систем, па помага дури и во сузбивањето на канцерогените клетки. Со право може да се каже дека овој витамин е најважен за здравјето на коските и за одржување на имуниот систем. Карактеристичен симптом при недостаток од витамин Д е рахитисот кај децата. Ова состојба често води кон кревки коски кои се склони на деформитети и зголемена опасност од повреди и кршливост.

Витамин Д – чувар на здравјето на коските

Кога човековото тело е изложено на сонце, по природен пат се создава витамин Д, кој е познат и како сончев витамин. Витаминот Д, заедно со витамините А, Е и К спаѓаат на групата витамини растворливи во масти.