емотивен глад

Емотивен глад – што треба да знаете?

Дали секогаш кога имате тежок ден на работа или расправија со партнерот посегнувате по нешто слатко? Дали по сто пати на ден го отворате фрижидерот без да чувствувате глад? Ако одговорот е Да, тогаш продолжете да читате, затоа што можеби и вие страдате од т.н. емотивен глад.

Си­гур­но до­се­га чес­то­па­ти ви се слу­чи­ло да ја­дете, но са­мо по не­кол­ку ча­со­ви повторно да чув­ству­ва­те неконтролирана пот­ре­ба за внес на но­ва храна. Причи­на за вак­ва­та сос­тој­ба мо­жат да би­дат по­ве­ќе фак­тори, од кои највлијателни се стресот, депресијата и анксиозноста. Емотивниот глад најчесто води до прејадување и консумирање на штетна брза или слатка храна.

Емотивен глад - што треба да знаете?

Дали знаете да го разликувате физичкиот од емотивниот глад?

Емоционалниот глад доаѓа наеднаш. Во еден миг не ни помислувате на храна, а во следниот веќе „умирате“ од глад. Насочен е кон специфична храна и ниедна замена не може да ве задоволи. Емоционалниот глад се јавува во вознемирувачки и стресни ситуации. Најчесто осаменоста, фрустрацијата, депресијата и анксиозноста предизвикуваат несвесно и неконтролирано посегнување по храната. Анксиозноста предизвикува зголемување на хормонот кортизол кој доведува до прејадување и желба за консумирање на нездрави закуски.

Што предизвикува емотивен глад?

Емотивен глад се јавува од повеќе причини:

  • стрес на работа
  • финансиски грижи
  • здравствени проблеми
  • тага
  • немир
  • депресија
  • анксиозност
  • осаменост.

Ова се причини што влијаат на двата пола, но според различни студии, емотивниот глад почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.

Зошто храна?

Негативните емоции може да доведат до чувство на внатрешна празнина. Се верува дека храната е начин да се пополни таа празнина и да се создаде лажно чувство на задоволство.

Како да го победите емотивниот глад?

Иако емоционалното јадење е предизвикано од негативни емоции, можете да преземете некои мерки за да ја контролирате постојаната потреба за консумирање на големо количество штетна храна:

  • водете дневник за вашите оброци
  • задоволете го гладот со здрава храна
  • вежбајте
  • внесувајте повеќе течности
  • пешачете и посетувајте природа
  • читајте книги
  • медитирајте
  • земајте додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Ви препорачуваме да прочитате: Не чувствувате глад, а сепак имате кркорење во стомакот?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: