Емотивен глад

Глад или емоции? Како да го препознаеш и контролираш? – препораки од д-р Нела Деспотовска

Глад или емоции? Дали повеќе јадеш под стрес, од здодевност или кога си тажен или среќен? Ако одговорот е „да“, продолжи со читање. На оваа интересна тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска, која споделува практични совети како да го препознаеме емотивниот глад и што може да помогне.

Емотивниот глад може да доведе до прекумерен внес на калории, нарушување на работата на дигестивниот систем и чувство на вина по оброкот. Ти се случило ова?

Глад или емоции

Како да го препознаеме емотивниот глад?

Емотивниот глад се разликува од физичкиот по неколку карактеристики:

  • Се јавува одеднаш и силно, најчесто за одредена храна како чоколадо, слатки или грицки.
  • Не е поврзан со времето од последниот оброк – можеш да си сит, а сепак „сакаш“ да јадеш.
  • Често е реакција на стрес, емоционални ситуации или здодевност, а не вистинска потреба за хранливи материи.

5 важни совети за намалување на гладот

1. Пиј доволно вода

Телото често го меша жедот со глад. Пред да посегнеш по храна, испиј чаша вода и почекај неколку минути.

2. Вклучи растителни влакна во исхраната

Исхраната сиромашна со растителни влакна го зголемува гладот. Намирници богати со растителни влакна се зеленчукот, овошјето и интегралните житарки.

3. Глукоманан – природна поддршка за намалување на гладот

Глукомананот е растворливо растително влакно кое, кога се меша со вода, создава гел во желудникот и го намалува чувството на глад. Помага:

  • Да се избегне прејадување;
  • Корисен е за одржување или намалување на телесната тежина (во комбинација со енергетски ограничена диета);
  • Придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол.

Глукомананот е достапен во аптеките, а може да се набави со 50% попуст преку онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава.

Кликни тука и нарачај Glucomannan со  50% попуст и бесплатна достава.

Глукоманан

4. Практикувај свесно јадење

Јадеш ли во брзање? Време е да ја промениш таа навика. Јади полека, посвети внимание на вкусот и текстурата на храната. Свесното јадење помага да се слушне телото и да се препознае кога сме навистина сити.

5. Препознај ги емоциите

Пред да јадеш, прашај се: „Дали навистина сум гладна или емоционално реагирам?“
Запиши ги моментите кога јадеш поради емоции и обиди се да најдеш алтернативни начини за справување со стресот, како:

  • Прошетка
  • Медитација
  • Разговор со пријател.

Малите чекори во секојдневието, како редовна хидратација, внес на влакна и глукоманан, свесно јадење и препознавање на емоциите, можат значително да помогнат во контрола на гладот и подобрување на општото здравје.

Може да те интересира: Водич за намалување на гладот и полесно слабеење – изработен во соработка со Д-р Нела Деспотовска.

Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: