4 грешки поради кои не можете да ослабите 1

4 грешки поради кои не можете да ослабите

Ви претставуваме кои се најчестите грешки поради кои не можете да ослабите! Ако имате проблем со телесната тежина и никако не можете да ги изгубите непосакуваните килограми, проверете, можеби ќе најдете некој корисен совет за себе.

Станува збор за ситуации во кои скоро секој од нас некогаш се нашол или моментално ви се случува. Кој наишол на проблем со телесната тежина и тоа како знае дека е потребно долготрајно трпение, зачувување на мотивацијата и пред се многу истрајност пред разни искушенија. Со цел да ви го олесниме тој пат, споделуваме со вас, кои се најчесто застапени грешки поради кои не се губат килограмите.

4 грешки поради кои не можете да ослабите 2

Грешка бр.1: Постојано изгладнување

Изгладнувањето е една од најлошите и можеби најчеста грешка за која голем број луѓе мислат дека помага за ослободување од вишокот на килограми. Всушност, станува збор за „мачење“ на мускулното ткиво и целото тело, кое може да резултира со разни промени на метаболизмот. А, според ова, не е исклучено и дека на овој начин, исто така може да додадете и некој килограм плус. Не без причина, сите експерти повторуваат дека диетите се лоши за здравјето и дека е неизводливо за организмот да го издржи тоа на долги стази.

Грешка бр.2: Честа употреба на разни препарати

На денешно време постојат разни препарати за слабеење и тоа е одлично. Секој може да смета на помошта која ја даваат. Но, никој не смее да заборави, дека нема такви волшебни препарати кои прават чуда и би ги „скратиле“ нашите маки, ако ние се прејадуваме. Едноставно тоа не е можно. Потребен е континуиран труд и здрави навики за да се избегне јо-јо ефектот и да сме здрави и витки. Бидете умерени во сѐ што правите.

Грешка бр.3: Несоодветни начини кои предизвикуваат бескорисно потење

Тука се мисли на недоволно разбирање на своето тело и применување на методи кои не се соодетни за да дадат резултат, како што е примена на сауни, обвиткување со пластична фолија и слично, со желба за топење на масни наслаги. Потењето е добар показател, но е валидно само ако настане како резултат на соодветна физичка активност.

Грешка бр.4: Еднолична исхрана

Со диетите со кои се внесува само еднолична исхрана може да се постигне потполно спротивен ефект. Научните истражувања покажуваат дека комбинацијата на правилната и редовна физичка активност, заедно со здрава исхрана се најконзистентни за одржување на посакуваната тежина, како и слабеење.

Ви препорачуваме да прочитате: Најчести грешки поради кои не губиме килограми.

Сподели: