трикови за слабеење 1

8 мали трикови за полесно слабеење

Се мачите со вишокот на килограми? Колку и да внимавате на исхраната и физичката активност, сепак не можете да ја намалите телесната маса? – На вистинското место сте. Ние имаме 8 мали трикови за полесно слабеење.

Денес вишокот на килограми е број еден проблем во светот од кој произлегуваат најголем дел од болестите како: кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеоартритис, психички нарушувања, промени на кожата и други. Затоа е многу важно да се внимава на килограмите и телесната маса. Само неколку трикови за слабеење може да ви помогнат во намалување на ризикот од појава на овие болести.

трикови за слабеење 2

Водете дневник за храната што ја консумирате

Иако звучи малку досадно, ова е всушност многу ефикасна метода. Преку водењето на дневник ќе имате претстава што точно јадете во текот на еден ден, колку, кога и дали јадете кога имате потреба. Покрај забележувањето на намирниците, може да користите броеви од 1 до 10 кои ја определуваат јачината на гладот кој го чувствувате пред секој оброк.

Научете да го препознавате вистинскиот глад

Ако не сте сигурни дали сте гладни, можеби симптомите како: збунетост, лутина, намалена концентрација и главоболка, ќе ви помогнат да го препознаете моментот кога навистина сте гладни. Занемарете ја обврската да јадете на секои 3 часа.

Јадете доволно во текот на денот

Што значи да се јаде доволно? – Тоа значи да се јаде кога се чувствува глад, но не и се прегладнувате. На мозокот му се потребни 15 до 20 минути да го перцепира чувството за ситост, па затоа јадете полека и добро џвакајте го секој залак.

Јадете во тишина

Јадењето во мир и тишина помага да се сконцентрирате само на оброкот и количината на внесена храна. Така ќе јадете поспоро и побрзо ќе ја перцепирате ситоста, а и ќе изедете помалку.

Избегнувајте брза храна

Ова е еден од наједноставните совети кој треба да го следите ако сакате да ги намалите килограмите. Откажете се од нездравите грицки и десерти. Исто така, препорачливо е да избегнувате места на кои се служи брза храна, затоа што понекогаш е тешко да се одолее.

Најдете хоби кое ќе ви го пополни слободното време

Истражувањата покажале дека често јадиме од досада. Па, затоа ако имате повеќе слободно време и не знаете како да го искористите во своја полза, излезете на прошетка, возете велосипед или вежбајте. Доволно е и да им се јавите на роднините или пријателите за да ги пренасочите мислите.

Физичката активност е задолжителна

Телесна активност е составен е дел од процесот на слабеење. Сепак, тоа не значи на напорни тренинзи секој ден. Доволно е само 30 минутна умерена физичка активност како: пешачење, брзо одење, јога или некои лесни вежби. Телесната активност ќе ви помогне во забрзување на метаболизмот.

Во процесот на слабеење најголема улога има исхраната

Ако сакате да ја намалите телесната маса, многу е важно да ја смените исхраната. Ова значи да се откажите од готова купечка и нездрава храна, грицки, десерти и повеќе да внесувате свежа непроцесирана храна. Во дневното мени вклучете повеќе овошје, зеленчук, риба, јајца и домашно зготвена храна. Јадете помалку, а почесто. Оброците распоредете ги во 3 главни и 1 до 2 ужинки.

Совет плус: Не се ослонувајте на диетите од интернет затоа што тие не се секогаш ефикасни за секого, а и најчесто имаат јо-јо ефект. Доколку ви е потребен посебен режим на исхрана, најдобро е да посетите нутриционист.

Ви препорачуваме да прочитате: Смуди од лубеница за слабеење и топ форма.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: