Лето, топло време, вкусна храна и вечерни дружби со семејство и пријателите. Што може да биде подобро? – Следната дружба нека биде на тема Street food (улична храна) и највкусниот хот дог со карамелизиран кромид.
А тајната се крие во карамелизираниот кромид кој го надополнува вкусот и нуди нова гурманска авантура.

Состојки:
- 6 лепчиња за хот дог
- 6 свински колбаси од Агриа
- 6 ленти чадена сланина по желба
- 25 г путер
- 2 лажици масло
- 2 големи главици кромид
- 1 мала лажичка шеќер
- Сенф и кечап
- Лута пиперка по желба.
Подготовка:
- Кромидот исечкајте го на листови.
- Во голема тава на оган, на средна температура ставете го путерот и додајте 1 лажица масло. Штом путерот се растопи додајте го кромидот и добро измешајте. Пржете го околу 10 минути со повремено мешање.
- Потоа додајте го шеќерот и зголемете ја температурата. Продолжете со пржењето уште 10 до 15 минути со често мешање.
- Колбасите пресечете ги на три – четири места и испечете ги на скара или тостер. По желба, пред печењето обвиткајте си со ленти сланина.
- Лепчињата за хот дог премачкајте ги со масло и кратко потпечете ги од горната страна. Засечете ги на половина (како на сликата). Додајте кечап, сенф, колбаси и карамелизиран кромид. По желба додајте лута пиперка. На здравје!
Совети плус:
- Во хот догот може да ставите и зеленчуци по желба: свежа или кисела зелка, домат, кисели краставички или кашкавал.
- Посети ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набави си колбаси во твој вкус. Во нивната палета може да пронајдеш домашни, селски, скараџиски колбаси, како и највкусното македонско свежо свинско месо. Свежото свинско месо е достапно и во Тинекс и Рамстор маркетите. Кога станува збор за свежо месо, Агриа е прв избор!

Може да те интересира: Полски сендвичи со колбаси.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
