Полски сендвичи со колбаси

Тоа што е добро мора да се сподели, нели? Неодамна си направивме мала тимска дружба со дегустација на домашните колбаси од Агриа. Ги послуживме за мезе, а дел ги искористивме за полски сендвичи со колбаси. Превкусни се и можеби едни од најдобрите на пазарот кај нас, па со задоволство ги препорачуваме! Истите може да ги набавите од месарниците на Агриа во Битола, Велес и Штип.

Летните вечерни седенки со пријателите и семејството надополнете ги со брза и вкусна закуска. Организирајте забава во вашиот двор и послужете домашни сендвичи во комбинација со чаша ладно пиво. Брзи за правење, вкусни за јадење! Идеални се и за ручек кога немате идеја што да направите или немате многу време за да подготвите нешто вкусно. За кога и да ги планирате, гарантирано ќе уживате!

полски сенвичи

Состојки:

За четири сендвичи:

  • 4 домашни колбаси од Агриа
  • 4 лепчиња за хот дог
  • 400 г замрзнат помфрит
  • ½ чаша BBQ сос за скара
  • 2 чаши Coleslaw салата или сечкана марула
  • масло за пржење.

За Coleslaw салата:

  • ½ кг сечкана зелка
  • 2 рендани големи моркови
  • ½ чаша мајонез или ¼ чаша кисела павлака и ¼ чаша мајонез
  • 2 лажици вински или јаболков оцет
  • ½ лажица шеќер
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Со нож нежно исечкајте ги колбасите од двете страни. Во тава на оган, во претходно загреано масло ставете ги колбасите да се пржат. Пржете ги 5-7 минути, а притоа вртете ги од сите страни за убаво да се испржат. Колбасите може да ги испечете и на скара или грил тава, па ставете ги во чинија обложена со кујнска хартија.
  2. Помфритот испржете го во поголема количина на масло.
  3. Зелката и морковите ставете ги во длабока чинија. Во друг сад измешајте ги мајонезот, оцетот, шеќерот и солта. Сосот додајте го во садот со зелката и убаво измешајте.
  4. Лепчињата за хот дог пресечете ги на половина и испечете ги во тостер.
  5. Во секое лепче ставете по еден колбас. Додајте BBQ сос, салата и помфрит.
  6. Подготвените сендвичи со колбаси може да ги послужите веднаш во комбинација со ладно пиво. На здравје!

Наша препорака:

Ви се допадна рецептот и во прва прилика сакате да го испробате? Посетете ги месарниците на Агриа и набавете си колбаси од македонско производство. Во нивната палета ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси како и различни месни преработки. Кои и да ги изберете сигурни сме дека совршено ќе се вклопат при подготовката на сендвичите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни колбаси со праз.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: