ражничи со колбаси

Ражничи со колбаси и зеленчук – од кујната на Марија Кочовска

Сигурна сум дека вакви ражничи немаш пробано! Обожавам да готвам, а во секоја прилика ја вклучувам и креативноста при подготовката. Набавив домашни колбаси од Агриа. Па,  наместо на вообичаениот начин, ги подготвив како ражничи со колбаси, печурки и пиперки. 

Вкусот и изгледот се фантастични! Идеални се славските трпези, за ручек и во секоја пригода. 

ражничи со колбаси со автор

Состојки:

  • 2 домашни колбаси од Агриа
  • 8 шампињони
  • 1 зелена пиперка
  • ½ главица црвен кромид
  • Масло по потреба. 

Подготовка:

  1. Колбасите исечете ги на кругови со дебелина од 5 мм. Шампињоните исечете ги на половина или четвртини (ако се поголеми)
  2. Кромидот и пиперката исечете го на квадрати со голема од 1,5 см по страна. 
  3. Земете 5 – 6 стапчиња за ражничи. Започнете со редење по овој редослед: печурка, колбас, кромид, пиперка, печурка, колбас… 
  4. Пред печење ражничите премачкајте ги со масло, а зеленчуците посолете ги. 
  5. Ражничите печете ги на скара или грил тава неколку минути. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Дали знаеш дека?

Колбасите од Агриа се направени со македонско, домашно свинско месо? Секогаш штом имам можност ја посетувам месарницата на Агриа во Битола и набавувам свежо свинско месо, како и колбаси (домашни, селски, скараџиски) и различни преработки од нивно производство. Се трудам да купувам домашни производи, повкусни се, а ја поддржувам и македонската економија. Агриа имаат месарници во Штип и Велес, а често го купувам нивното месо од Тинекс маркетите. Може да се најде и во Рамстор. А ражничите можеш да ги направиш и со месо. Погледни ја и оваа идеја:

агриа ражничи

Може да те интерсира: Брз појадок – Бурито со јајца и колбаси.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: