Брз појадок - Бурито со јајца и колбаси

Брз појадок – Бурито со јајца и колбаси

Немате многу време да подготвите појадок? – Имаме одлична идеја за брз оброк! Бурито со јајца и колбаси, се спрема  за помалку од 10 минути, a mожете да го јадете дома или да го завиткате во фолија и да го земете за на работа. Брзо за правење, а вкусно за јадење!

Во продолжение ви откриваме како да го направите највкусното бурито и да го изненадите семејството со креативен појадок.

Брз појадок - Бурито со јајца и колбаси

Состојки:

*За 2 лица

  • 2 тортиљи
  • 2 колбаси по избор од Агриа
  • 4 јајца
  • 1 свежа сечкана пиперка
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 50-100 г сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 домат на кришки по желба
  • сол и црн пипер по вкус
  • малку путер по потреба.

Подготовка:

  1. Во тава на оган, ставете малку путер да се стопи и лесно потпечете ги тортиљите од едната страна, па ставете ги во рамна чинија.
  2. Штом малку се изладат, на непотпечената страна премачкајте ја павлаката.
  3. Во тавата пропржете ги кромидот и пиперката (5-10 минути). Додајте ги колбасите сечкани на парчиња и пропржете ги.
  4. Во сад изматете ги јајцата. Додајте го сирењето и измешајте. Зачинете по вкус.
  5. Изматените јајца прелијте ги во тавата со кромид и колбаси, и испржете ги.
  6. Рамномерно распоредете врз двете тортилји, па ставете од кришките сечкан домат и завиткајте. Послужете и нека ви е на здравје!

Совети плус:

  • По желба, во филот може да додадете и рендан кашкавал и да го збогатите вкусот на буритото.
  • За подготовка на овој рецепт може да користите скараџиски, селски, домашни или барени колбаси, па ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа и да си набавите колбаси од македонско производство по ваш вкус. А за сите новости и акции посетете ја веб страницатана Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Брз појадок - Бурито со јајца и колбаси

Ви препорачуваме да прочитате: Пица со колбаси и сланина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: