Намирници кои се сојузници за брз метаболизам

Намирници кои се сојузници за брз метаболизам

Постојат луѓе кои иако водат здрав живот, сепак тешко им оди намалувањето на килограмите. Најчесто, причинител за оваа појава е бавниот метаболизам, односно начинот на исхрана. Храната за добро варење и брз метаболизам е богата со растителни влакна, но и витамини, минерали и добри бактерии, кои можат да влијаат на цревната микрофлора, а со тоа и на основните функции на дигестивниот систем.

Брзината на метаболизмот се менува во текот на животот, во зависност од животните навики. Следните намирници нека бидат дел од вашето секојдневие, бидејќи со нивно конзумирање ќе имате брз метаболизам, а ќе ви помагаат и во намалување на телесната тежина.

Намирници кои се сојузници за брз метаболизам

Ферментирана зелка

Ферментираната зелка е храна која изобилува со т.н. добри бактерии, но исто така овозможува одлично количество на диететски влакна кои се добри за дигестивниот систем. Покрај бактериите, ферментираната зелка содржи и големо количество на витамин А кој помага при одржување на здравјето на цревата.

Немасно месо и риба

Избегнувајте ја мрсната храна. Изберете да јадете посно месо и риба затоа што протеините ќе ви помогнат и ќе го стимулираат метаболизмот, благодарение на изобилството на железо, витамин Д и омега-3. Со зголемување на протеините, мускулната маса се зголемува, што придонесува за побрз метаболизам. Луѓето кои се често конзумираат посно месо имаат помали шанси да заболат од рак на дебелото црево.

Зрна житарки

Целите зрна се многу повеќе хранливи и поздрави од рафинирани зрна. Цели зрна, како овес и кафеав ориз се одличен извор на влакна кои поттикнуваат добро и редовно варење. Затоа изберете житарки за појадок направени од цели зрна или пак уживајте во обични пуканки како закуска во вечерните часови.

Банани

Бананите овозможуваат редовно и добро варење, особено кај лицата со дијареја. Содржат растителни влакна кои го подобруваат варењето на храната, го поттикнуваат растот на нормалната цревна флора и се корисни за елиминирање на штетните материи од организмот.

Ѓумбир

Ѓумбирот е зачин што луѓето го користат илјадници години и има добри причини за тоа. Ѓумбирот го подобрува варењето и го забрзува согорувањето на мастите. Исто така, го забрзува метаболизмот, помагајќи токсините да излезат од телото.

Ви предлагаме да прочитате: Напиток за побрз метаболизам и детоксикација.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: