Овој супер лесен и брз рецепт за тестенини со тиквички ќе ви биде корисен многу пати сезонава. Вкусно е, лесно и за јадење, а нема никаква комплексност во подготовката.
Го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, а штом таа го припремила и фотографирала, веруваме дека е вкусно. Пробајте го.

Состојки:
- 400 гр тестенини
- 1 средно голема тиквичка
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- мало по потреба
- пармезан и босилек по желба.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го на коцки и запржете го во малку масло, колку да стане слаткаст.
- Во тавата додајте го и ситно сечканиот лук и брзо промешајте за да се соединат аромите.
- Тиквичката измијте ја, па преполовете ја по должина, а потоа исечете ја на кругови заедно со се кората. За да биде највкусно, пожелно е тиквичката да биде млада со нежна кора.
- Исечканата тиквичка додајте ја во тавата со кромидот и лукот и заедно динстајте ги околу 5-6 минути, или додека омекне.
- Тестетенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и внимателно измешајте ги со зеленчукот.
- По желба, поросете со рендан пармезан и исечкани листови од свеж босилек. Послужете топло, како брз и вкусен ручек. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со тиквички и туна.