Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт 1

Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт

Зошто да не биде здраво, освен што е вкусно, нели?! Ви предлагаме овој пат друштвото да го почестите со нешто екстра вкусно, а сепак нискокалорично ако го споредиме со традиционалните рецепти за пица. Направете им мини пици Маргарита од модри патлиџани и бидете свесни дека една доза може да ви биде малку. Превкусни се, сочни и со препознатливата арома на италијанските специјалитети!

Може да си ги приготвите и како лесна вечера. Погодни се како оброк после вежбање, а и за разни убави поводи и прослави. Еве го рецептот кој ние го испробавме, а дефинитивно ги препорачуваме топли!

Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт 2

Може да ве интересира: Потпечени модри патлиџани со кашкавал и домати.

Состојки:

  • 2 модари патлиџани
  • 150 до 250 гр моцарела
  • неколку домати или шери доматчиња по потреба
  • свежи листови босилекпо потреба (за замена може сув босилек)
  • малку маслиново масло
  • сол по вкус
  • црн пипер во зрно по желба.

Подготовка:

  1. Пред да започнете со припрема на намирниците, пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени.
  2. Доматите измијте ги и исечкајте ги на коцки.
  3. Босилекот ситно исечкајте го, исто така.
  4. Модрите патлиџани прво измијте ги, па излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина од околу 1 см.
  5. Припремете тава со хартија за печење , па круговите од модар патлиџан малку намрсете ги со маслиново масло, лесно посолете ги и па ставете ги да се печат 15 минути.
  6. Извадете ги од рерната и врз секој од нив ставете по малку исечканите домати, од моцарелата и поросете со сечканиот босилек. По желба, за дополнителен вкус и декорација, додајте црн пипер во зрно.
  7. Мини пиците Маргарита од модар патлиџан вратете ги во рерната и оставете ги да се печат уште 10 минути. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Мини пици од модар патлиџан.

Сподели: