големи италијански ќофтиња во доматен сос

Големи италијански ќофтиња во доматен сос

Време е да пробаме нешто ново и интересно! Кој е за вкусни италијански ќофтиња во доматен сос со парче растопена моцарела во средината? – Како ви звучи првичниот опис?

Зедовте лист хартија и запишувате што ви е потребно?- Не се сомневаме! Прво набавете квалитетно свежо мелено месо. Ако се прашувате од каде може да набавите квалитетно месо ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Велес или Штип. Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите.

големи италијански ќофтиња во доматен сос

Состојки:

  • маслиново масло
  • 3½ чаши стар леб
  • 1 чаша млеко
  • 2 јајца
  • 900 г мелено месо од Агриа
  • 1 мала киска сечкан магдонос
  • ½ чаша рендан пармезан
  • 1 чешне сечкан лук
  • сол
  • ½ лажичка буковска пипер
  • 4 мали топчиња моцарела или кашкавал по избор.

За сос:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • ¼ до ½ мала лажичка буковска пипер
  • 800 г сечкани домати од конзерва
  • 3-4 гранчиња босилек
  • сол.

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени. Тавата премачкајте ја со маслиново масло.
  2. Лебот ставете го во процесор за храна или ситно исечкајте го. Ставете го во сад и додајте го млекото.
  3. Во голем сад ставете го јајцето и кратко изматете го со виљушка. Во садот додајте ги меленото месо, магдоносот, пармезанот, лукот, 1 мала лажичка сол и буковската пипер. Измешајте со рацете за да се соединат. Во садот додајте го лебот и кратко измешајте. Смесата поделете ја на 4 дела.
  4. Рацете навлажнете ги и формирајте 4 големи топки. Во средината на секоја топка ставете мало парче моцарела. Топките наредете ги во тавата за печење.
  5. Печете во загреаната рерна за време од 25 до 30 минути.
  6. Во меѓувреме направете го сосот. На умерено-висока температура ставете голема тава или тенџере и додајте го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте ги лукот и буковската пипер. Пропржете ги една минута. Додајте ги доматите, 1 чаша вода, босилекот и ½ мала лажичка сол. Штом сосот зоврие, намалете ја температурата и оставете го да се вари на тивок оган додека се згусти за време од 30 минути.
  7. Печените ќофтиња извадете ги од тавата и додајте ги во сосот. Дел од сосот ставете врз ќофтињата. Продолжете со варењето уште 5-10 минути. Готовите ќофтиња во доматен сос послужете ги со сечкан босилек.

Совети плус:

  • За подготовка на ќофтињата може да користите телешко мелено месо или мелено месо од Агриа во сооднос 50:50 (свинско и телешко).
  • Од добиената смеса може да формирате и 6-8 ќофтиња. Ако направите помали ќофтиња, скратете го времето на печење.
  • Ќофтињата може да ги подготвите претходниот ден и да ги чувате во фрижидер. Наредниот ден може да ги испечите и да го направите сосот.
ќофтиња од Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: