Сигурно досега немате пробано ваков специјалитет! Едноставно, а вкусно јадење за целото семејство. За денешниот ручек направете потпечени модри патлиџани со кашкавал и домати.
Вкусот потсетува на пица, а за тоа е заслужна прекрасната комбинација на модар патлиџан, босилек и домати, прелиени со растопен кашкавал. Веќе ви се допаѓа, зарем не? А штом го направите, пишете ни во коментар како ви се допаднало ова јадење.

Состојки:
- 1 голем модар патлиџан
- 3 големи домати
- 100 грама Фета сирење
- ½ чаша свежи листови од босилек
- сок од половина лимон
- 2 чешниња лук
- маслиново масло по потреба
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 100 грама овчи кашкавал
Подготовка:
- Модриот патлиџан исечете го на кругови или на ленти по желба. Парчињата модар патлиџан ставате ги во сад за цедење. Зачинете со сол и оставете го за време од 30 минути за да пушти течност.
- Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
- Потоа, модриот патлиџан попрскајте го со маслиново масло од двете страни и ставете го да се пече на скара. Печете го за време од 2 до 3 минути од секоја страна.
- Во блендер ставете ги босилекот, 4 лажици маслиново масло, чешнињата лук и малку сол. Блендирајте додека се добие хомогена смеса.
- Доматите исечете ги на парчиња со дебелина од 5 до 7 мм.
- Кашкавалот изрендајте го, а сирењето издробете го. Потоа измешајте ги со лажица за да се соединат.
- Тавата за печење намрсете ја. Прво наредете ги парчињата модар патлиџан и врз нив ставете од сосот од босилек. Додајте од смесата со кашкавал и сирење.
- Врз кашкавалот наредете ги сечканите домати. Додајте уште еден или два реда модар патлиџан, сос од босилек, кашкавал и сирење и домати. Попрскајте со маслиново масло, а по желба додајте рендан кашкавал.
- Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна за време од 15 минути.
- Потпечените модри патлиџани со кашкавал и домати послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за лазања со мелено месо и бел сос.