Здрав хранлив појадок - чиа пудинг со спирулина и авокадо 1

Здрав хранлив појадок – чиа пудинг со спирулина и авокадо

Да си направите здрав чиа пудинг со спирулина, ќе значи дека сте си обезбедиле супер хранлив и многу вкусен појадок. Ваквиот пудинг е богат со протеини од спирулината и чиа семето, со јаглени хидрати и растителни влакна од овошјето и здрави масти од чиа семето и авокадото. На кратко, вкусно волшепство во чинијата!

Интересната и несекојдневна боја ја добива благодарение на спирулината. Оваа модро-зелена алга има интензивна боја која доминира и навистина остава впечаток врз изгледот и секако вкусот.

А сега, да ве потсетиме во неколку збора, зошто Hawaiian Spirulina е проверено добар избор за сите нас, од деца до највозрасни и за разни здравствени состојби. Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и амино киселини, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, различни минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот. А, ако сакате да дознаете како да изберете најдобра и природна спирулина, прочитајте тука.

Здрав хранлив појадок - чиа пудинг со спирулина и авокадо 2

 Состојки:

*за 1 порција

  • 1 банана
  • 1 помало авокадо
  • 1/2 до 1 лажичка Hawaiian Spirulina во прав
  • 3 лажички чиа семе
  • 200 мл млеко (може кравјо, бадемово, кокосово, оризово, овесно – по желба)

За сервирање и декорација:

  • зрна аронија или боровинки, кругови од банана, кокос, бадеми…
Здрав хранлив појадок - чиа пудинг со спирулина и авокадо 3

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете ја излупената банана и испасирајте ја.
  2. Авокадото излупете го и додајте го во садот со бананата. Исто така испасирајте го и измешајте го со пасираната банана.
  3. Додајте ја спирулината во прав и измешајте додека се постигне еднородна боја.
  4. Потоа, додајте ги чиа семето и млекото, и убаво измешајте. Оставете да стои во фрижидер, најмалку 1/2 час ако ви се брза, а препорачливо е да стои барем 14-24 часа или преку ноќ, за максимално полн вкус и соединување на состојките.
  5. Сервирајте по желба со кругови од банана, зрна аронија, кокос, бадеми и на здравје!

Забелешка: Кога станува збор за вкусот, мора да ви посочиме дека ако штотуку почнувате со употреба на спирулината во прав, ви препорачуваме да ја намалите дозата, од цело на половина лажиче, барем во првите неколку пати од дегустацијата на ова превкусно уживање во чинија.

Информација плус: Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Природно и добро за здравјето! Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Здрав хранлив појадок - чиа пудинг со спирулина и авокадо 4

Ви препорачуваме да прочитате: Енергетски бомбици без шеќер готови за 5 минути и Рецепт за здрави солени бисквити со спирулина.

Сподели: