Што важно треба да знаете при изборот на спирулина?

Spirulina Pacifica е најбогатиот и најкомплетен извор на додаток во исхраната. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, а тоа се должи на нејзината разновидност од основните нутриенти: растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Освен тоа, безцелулозниот клеточен ѕид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се абсорбираат. Но, секоја спирулина која се продава на пазарот не ги поседува сите корисни својства. Затоа решивме да ве запознаеме подетално на што треба да внимавате при изборот на спирулина. 

Што велат истражувањата зa спирулината како храна која го подобрува здравјето?

ФАО ја прогласи спирулината за „најдобра храна на иднината“

Благодарение на нејзините хранливи својства, таа била предмет на многубројни истражувања. Организацијата на ОН – ФАО, ја прогласи спирулината за „најдобра храна на иднината” и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, па ја препорача како „можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”. НАСА има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања и ја избра спирулината меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги.

Пол Питфорд ја препорачува спирулината како храна која помага за зајакнување на крвта

Пол Питфорд во својата книга „Лечење со цела храна – Азиска традиционална и модерна нутриција” објавил дека:

„Само 10 г од моќната спирулина во прав се доволни за да ја задоволат дневната потреба на организмот и тоа:

  • 5 пати повеќе за витамин Б12
  • 4 пати повеќе за витамин А
  • 83% од дневните потреби за железо
  • 30% за витаминот Б2.

Спирулината особено им се препорачува на лицата кои патат од замор, анемија, проблеми со видот, менструални проблеми и нарушувања на кожата. Покрај тоа, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Исто така, ја олеснува елиминацијата на токсините кои се собрани во внатрешноста на телото. ”

Тој притоа додава дека: „Спирулината е богат извор на витаминот Б12 кој е од суштинско значење за градбата на крвта. Меѓутоа, во повеќето случаи на анемија не се работи само за недостаток на овој витамин, па затоа и хлорофилот, железото, протеините и другите хранливи материи кои таа ги содржи помагаат во справувањето со овој проблем.”

Габриел Коусенс  ја опишува спирулината како храна која го поддржува севкупното здравје 

Габриел Коусенс во своето дело „Разумно јадење”, објаснува дека: „За разлика од другите алги, клеточниот ѕид на спирулината има високи концентрации на мукополисахариди, кои лесно се дигестираат и формираат комплекси на гликопротеини. Тие се важни за формирање на протеини и изградба на клеточни мембрани. Спирулината исто така, претставува алкална и лековита храна. Тoј пишува дека спирулината е одлична поддршка за лекување на:

  • хипергликемија
  • дијабетес
  • хроничен замор
  • анемија
  • чиреви
  • за зајакнување на имунолошкиот систем.”

Секако, овие придобивки важат доколку спирулината се одгледува во чиста околина и поминува низ серија на испитувања, пред да стигне до корисниците.

Може да ве интересира: Spirulina pacifica е кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Што е важно да знаете при изборот на спирулина?

Кога сме кај изборот на спирулина, немојте автоматски да купувате врз основа на пакувања во бои и маркетингот, без да помислувате на она што всушност е во внатрешноста на самото пакување. Она што е внатре во пакувањето, всушност ја има целата таa улога врз здравјето. Затоа при купување важно е да знаете од каде потекнуваат производите кои ги купувате, кој е нивниот квалитет, какви сертификати за квалитет поседуваат (и дали се од важен ранг).

Па, да ве запознаеме со нашата омилена спирулина – Spirulina Pacifica, за која пред да се одлучиме да ја користиме, направивме подолго истражување.

изборот на спирулина

Зошто избираме Spirulina Pacifica?

Spirulina Pacifica се одгледува на Хаваи во најмодерните водени фарми на светот. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаја да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Spirulina Pacifica со највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга спирулина во светот. Секое пакување Spirulina Pacifica поминува низ серија на тестови за квалитет за да обезбеди супериорна нутриција и чистота. Таа е сертифицирана од како Non-GMO Project, gluten-free, kosher, halal и vegan производ.

Spirulina Pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. А секако доколку имате прашања за нејзиното користење, слободно пишувајте ни на info@sezahrana.mk.

Каква е спирулината која вие ја консумирате? Земете контрола над вашето здравје и едуцирајте се повеќе за суплементите кои ги консумирате.

Ви предлагаме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

*Комерцијален текст

Сподели: