Енергетски бомбици без шеќер готови за 5 минути 1

Енергетски бомбици без шеќер готови за 5 минути

Здрави и супер вкусни енергетски бомбици приготвени со најдобрите состојки кои ни ги нуди природата! Без шеќер, без глутен, вегански и направени со „храната на иднината“ – Spirulina Pacifica.

Сакате да се храните здраво, а немате многу време? Ова е вистинскиот рецепт за вас! Пробајте ги нашите енергетски бомбици кои може да ги направите за речиси 5 минути. Нема печење, матење и чекање со часови. Па, пред да започнеме ајде да ве запознаеме со нашите омилени храни кои ги искористивме за подготовка на овој рецепт.

Енергетски бомбици без шеќер готови за 5 минути 2

Spirulina Pacifica

Spirulina Pacifica е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и амино киселии, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, разлини минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Урми како природен засладувач

Урмите се одлична замена за шеќерот. Овие овошки се богати со растителни влакна, кои го намалуваат лошиот холестерол, а помагаат за правилно варење на храната, имаат лаксативно дејство и превенираат појава на запек.

Кокос и лешници за енергија

Ароматични и вкусни, кокосот и лешниците го исполнуваат вкусот и ги збогатуваат колачињата со здрави масти.

Состојки:

  • 7 свежи урми
  • ½ чаша овесни снегулки
  • 1/3 чаша кокос
  • 15 лешници
  • ½ до 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 мала лажичка Spirulina Pacifica во прав.

Подготовка:

  1. Урмите ситно исечкајте ги или ставете ги во кујнски апарат за сечкање.
  2. Лешниците измелете ги или истолчете ги.
  3. Во садот со сечканите урми додајте ги овесните снегулки, кокосот, лешниците, екстрактот од ванила и Spirulina Pacifica во прав. Измешајте ги состојките со лажица.
  4. Од вака приготвената смеса формирајте бомбици. По желба бомбиците извалајте ги во кокос или мелени лешници. На здравје!

Информација плус: Spirulina pacifica во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Енергетски бомбици без шеќер готови за 5 минути 3

*Комерцијален текст

Ви предлагаме да прочитате: Смути со банана, јагоди и спирулина.

Сподели: