Здрави солени бисквити со спирулина 1

Рецепт за здрави солени бисквити со спирулина

Здравите додатоци и состојките се секогаш силна мотивација за да подготвиме нешто ново и интересно. Така, ако сакате да консумирате повеќе од здравата Hawaiian Spirulina, треба без двоумење да го прочитате овој наш рецепт.

Нашата цел беше да ги искористиме хранливите придобивки од спирулината на покреативен начин.  Hawaiian Spirulina не е лек, туку храна, а со своите состојки е најхранлива намирница на светот! Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга! Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Со оглед на тоа дека е навистина многу здрава, со задоволство ќе креираме уште многу нови рецепти со Hawaiian Spirulina во прав.

Здрави солени бисквити со спирулина 2

Состојки:

  • 1 и 1/4 чаша ржано брашно (по желба може да користите интегрално брашно)
  • 1/4 чаша мелени лешници и бадеми
  • 50 гр сусам
  • 1/2 мала лажичка сол
  • 1/4 чаша масло
  • 1/4 чаша пиво
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 1 рамна лажица Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 лажица оригано.

За сос:

  • јогурт
  • павлака
  • малку сирење по желба
  • прстофат спирулина за декорација.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете ги маслото и пивото.
  2. Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печивото, ориганото, спирулината, сусамот и солта.
  3. Во садот со пивото и маслото, постепено додавајте ја смесата од сувите состојки.
  4. Замесете изедначено тесто и од него формирајте долга нишка која наликува на ролат.
  5. Со помош на нож, од така оформениот „ролат“, исечете бисквити со ширина од 2-4 см.
  6. Тавата за печење обложете ја со хартија и во неа наредете ги бисквитите.
  7. Печете во претходно загреана рерна на 230 степени, околу 10-12 минути, а потоа оставете ги максимум уште 5 минути во затворената и исклучена рерна.
  8. Како прилог на солените бисквити со спирулина, приготвивме и солен сос од јогурт и павлака, со малку сирење и спирулина. Ако сакате да ја направите декорацијата како нашата, сосот треба да биде потечен и да содржи повеќе јогурт, во однос на другите состојки. Во секој случај, наместо сос, со бисквитите може да си сервирате чаша јогурт, парче сирење или павлака засебно. Вкусни и здрави, нека се на здравје!
Здрави солени бисквити со спирулина 3

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка.

Сподели: