слатки идеи за појадок

3 брзи, слатки и посни идеи за појадок – од кујната на Марија Кочовска

Лесни пости на сите кои постат периодов! По овој повод ви припремив 3 здрави и превкусни, посни идеи за појадок или слатка ужина. Во маркетите ги забележав новите лебови на Жито Лукс кои се направени од 100% цело зрно. Така се инспирирав да споделам идеи за појадок кои верувам дека ќе им користат на сите. 

Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа важно е да биде балансиран и да ни даде енергија за преку денот. Во појадоците користев путер од јатки кој е богат со здрави масти и протеини. Интегралниот леб и овошјата се добар извор на растителни влакна, витамини и минерали. 

3 посни слатки идеи за појадок

Интегрален леб со банана, путер од кикирики и темно чоколадо

Добро познатата и омилена комбинација од банана и путер од кикирики, одлично се спојува со парче интегрален леб. Парчињата леб испечи ги во тостер или тава. Премачкај ги со путер со кикирики, стави кругови сечкана банана и додај малку рендано темно чоколадо.

Интегрален леб со јаболко, цимет, мед и путер од лешници 

Штом се спомене есен, тоа ме потсеќа на јаболко и цимет. Оваа есенска комбинација ја испробав на овој начин. Парчето печен интегрален леб, премачкај го со путер од лешници, стави сечкано јаболко, цимет, заслади со мед или јаворов сируп и додај сечкани лешници. Предобро! 

слатки идеи за појадок со леб

Интегрален леб со киви, калинки, путер од кикирики и мед

Уште една интересна комбинација! Сезона е на киви и калинки, а нивните бои ме примамија за оваа идеја. Парчето печен леб, премачкај го со путер од кикирики, додај кругови киви, калинки и заслади со мед. По желба додај и кокос. На здравје!

Подготовката на појадоците погледни ја на видеото:

Совети плус:

Новите лебови од Жито Лукс достапни се со два вкусови: интегрален пченичен леб со никулци и семиња и интегрален пченичен леб со никулци и ржано брашно. Даваат енергија, чувство на ситост, го подобруваат варењето на храната и богати се со здрави масти од семињата. Побарај ги низ маркетите, пробај ги и пиши ми како ти се допаднале. 

Може да те интересира: Дали може да се јаде леб при диета?

*Рецептите се поддржани од Жито Лукс.

Сподели: