Палачнки со хељда и зеленчук

Палачинки со хељда и зеленчук

Има ли некој што не сака палачинки? – Сигурни сме дека сите ги обожаваат и ги прават во разни варијанти и комбинации, и тоа не само за десерт, туку и за појадок или вечера. А во оваа прилика ви откриваме одличен рецепт за подготовка на палачинки со хељда и зеленчук од нашата пријателка Валентина. Одлични за сите генерации!

Хељдата е богата со железо, содржи многу витамини, малку масти – само 3 %, а нискиот процент на јаглени хидрати ја прави непроценливо вредна храна за дијабетичарите. А брашното од спелта освен што е богато со витамини, содржи и хранливи материи, минерали и есенцијални органски соединенија кои ги нема во други житни култури и во пченицата, што го објаснува особениот интерес за спелтата. Затоа, драги пријатели не двоумете се, погледнете што ви е потребно и направете ги овие палачинки со хељда и зеленчук што поскоро.

Палачнки со хељда и зеленчук

Состојки:

За палачинки:

  • 100 г зрна од хељда (искисната и исцедена)
  • 60 г брашно од спелта
  • 150 -200 г пченка од конзерва
  • 1 рендана тиквичка
  • 2 јајца
  • 60 г рендан кашкавал
  • 1 лажичка лук во прав
  • ½ лажичка црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус
  • 2 гранчиња мајчина душичца, или друг зачин по вкус.

За сервирање:

  • 1 авокадо со средна големина, дробено, зачинето со буковска пипер, лимон и мешан зачин, по вкус
  • свеж домат
  • фета сирење
  • микс од семиња.

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени. Тавата обложете ја со хартија за печење.
  2. Исцедената хељда и пченката се ставете ги во блендер и изблендирајте ги да се соединат.
  3. Во длабок сад измешајте ги останатите состојки додека да добиете хомогена смеса.
  4. Со помош на лажица земајте од смесата и во тавата за печење формирајте палачинки.
  5. Палачинките ставете ги во загреана рерна да се печат околу 30 минути или додека добијат златно-кафеава боја.
  6. Готовите палачинки сервирајте ги и послужете ги. На здравје!

Совет плус:

  • По желба, палачинките може и да ги испржите.
  • Бидете креативни и смесата за палчинки испечете ја во калапи за мафини.

Автор на рецептот: Автор на рецептот: Валентина Пргомет (homemadefoodcorner)

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: