Често сакаме да јадеме нешто различно, но остануваме без идеја. Во таквите моменти, Сѐ за храна е тука за вас и има да ви препорача убави вегетаријански ќофтиња, направени од избрани здрави состојки.
Кујната на Кате е фантастична, полна со креативни и вкусни рецепти. Вреди да го пробате рецептот.

Состојки:
- 1 среден по големина варен компир
- 1 филџан хељда
- 1 филџан просо
- 1 помала главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сенф
- по потреба сол, црн пипер, маслиново масло.
Забелешка: Филџанот е од 70 мл.
Подготовка:
- Сварете ги посебно просото и хељдата и оставете ги убаво да се изладат.
- Во сад ставете ги сварените просо, хељдата и ренданиот компир.
- Додајте го и кромидот, претходно изрендан на ситната страна од рендето.
- Ставете го сенфот, посолете и наросете црн пипер.
- Измешајте убаво да се соединат состојките.
- Со раце земајте од смесата и формирајте ги ќофтиња.
- Редете ги во плех обложен со хартија.
- Попрскајте ги со маслиново масло и печете на 200 степени околу 15-20 минути.
- Послужете ги топли со свежа салата.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате:Печени ќофтиња од брокула и просо.