Тесто за палачинки со газирана вода

Летото е идеално за брзи десерти како што се палачинките. Омилени се на сите генерации! А кој може да одолее на највкусните палачинки премачкани со чоколаден крем? Супер се за појадок со чаша млеко, а добредојдени се и како десерт после ручекот или вечерата. Сакате да направите екстра меки палачинки? Пробајте го нашиот рецепт за вкусното тесто за палачинки со газирана вода.

Сме пробале повеќе рецепти за палачинки, но најмногу ни се доаѓа кога тестото се приготвува со газирана вода. Меурчињата од водата ја прават целата магија за воздушести и вкусни палачинки.

тесто за палачинки со газирана вода

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 грама брашно
  • 200 мл млеко
  • 150 мл газирана минерална вода
  • 50 мл масло
  • прстофат шеќер
  • прстофат сол.

За фил и декорација:

  • кафен крем
  • шеќер во прав
  • свежо овошје како рибизли и боровинки
  • нане за декорација.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги со жица за матење додека се згуснат.
  2. Во садот со изматените јајца додајте 100 грама брашно и 100 мл млеко. Измешајте додека се добие хомогена смеса без грутчиња.
  3. Потоа додајте ги преостанатото млеко, газираната вода, маслото, солта и шеќерот. Измешајте и постепено додавајте го преостанатото брашно. Смесата оставете ја околу 20 до 30 минути.
  4. На оган ставете ја тавата за палачинки да се загрее. Намрсете ја со масло.
  5. Со помош на поголема лажица или црпалка земете ¼ чаша од смесата за палачинки и ставете ја во загреаната тава. Палачинката оставете ја да се пече за време од 1 минута, а потоа со помош на шпатула превртете ја од другата страна. Печете уште 45 секунди. Готовата палачинка ставете ја во чинија.
  6. Повторете ја постапката со преостанатата смеса за палачинки.
  7. Палачинките премачкајте ги со крем, преклопете ги и сервирајте ги со шеќер во прав, свежо овошје, чоколаден крем и нане.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни палачинки со рум и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на  Instagram и Pinterest.

Сподели: