чоколадни палачинки со рум

Чоколадни палачинки со рум и цимет

Сигурно овие чоколадни палачинки ви го привлекоа вниманието, па тука сте да го дознаете рецептот. А состојките во него се едноставни и најверојатно ги имате во кујната.

Убавите чоколадни палачинки со рум и цимет ни доаѓаат од блогот Trydiani, на предлог на нашата пријателка Диана. Испробани се и вкусни, па штом ви се каснува нешто благо, направете ги и почестете го семејството.

чоколадни палачинки

Состојки:

  • 2 јајца
  • 50 грама путер
  • 50 грама темно чоколадо
  • 1 чаша млеко
  • 1 лажица какао
  • 5 лажици шеќер
  • 1 до 1 ½ чаша брашно
  • ½ чаша газирана вода
  • ½ мала лажичка канела
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • арома на рум по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на умерена температура се затоплуваат млекото, путерот, шеќерот, какаото и чоколадото. Смесата се меша со лажица додека путерот и чоколадото се растопат.
  2. Потоа, смесата се остава да се излади и со постојано матење се додаваат двете јајца.
  3. Во садот се додава брашното и газираната вода, и се продолжува со матење. Количината на брашно и газирана вода може да варираат до добивање на посакуваната густина на смесата.
  4. Во чоколадна смеса се додава канела, ванила и арома на рум.
  5. Палачинките се печат во загреана нелеплива тава на оган, на умерена температура од двете страни. Се поставуваат во чинија, а помеѓу нив се става хартија за печење за да не се залепат. Се служат со фил по желба.

Ви предлагаме да прочитате: Палачинки со чоколаден крем.

Сподели: